1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Групација на Водостопанските претпријатија

Формирана нова Групација на водостопанствата во рамките
на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора
на Македонија
21.05.2014 година

Во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на иницијатива на повеќе фирми од дејноста водостопанство, формирана е Групација на водостопанствата, со цел да ги третира и да работи за потребите на водостопанските претпријатија-членки на Стопанската комора на Македонија. 
 Водостопанските претпријатија преку иницијативата за формирање  на Групацијата, имаат за цел да ги следат активностите околу носење на законски прописи, измена на закони, правилници за работа, како и законски прописи од други сектори кои ја засегаат и оваа дејност, во насока на непречено функционирање на претпријатијата.
За претседател на Групацијата беше избран Тони Мартиноски, директор на Водостопанство „Скопско Поле“ од Скопје, а за потпретседател е избрана Гордана Тошевска, директор на Водостопанство „Прилепско Поле“  - Прилеп.
На првиот состанок, Групацијата беше запознаена и со интересот на компании од регионот да воспостават комуникација со домашните водостопански претпријатија, а беше иницирано и размислување за реализирање на студиска посета на компании од истата дејност, првенство во окружувањето со цел да се добијат информации и да се согледа начинот на кој истите се организирани и функционираат, како и законската рамка во која работат.

 

 



Податоци за дејноста

Водостопанската дејност има за цел економично стопанисување, користење, функционирање, одржување и контрола на системите во целина, заради:

• снабдување со вода за наводнување;
• снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки потреби;
• снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија и
• одводнување на земјиште.
Водостопанството ги снабдува со вода за наводнување: водните заедници и индивидуалните корисници (физички и правни лица), кои се вон територијата на водната заедница, а имаат можност и потреба од наводнување. Водостопанството врши и одводнување за правни и физички лица, сопственици или корисници на земјоделско и друго земјиште, патишта и урбанизирани зони, доколку во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството постои и систем за одводнување. Ако водостопанството има единствена дејност одводнување и не врши снабдување со вода, истата ја извршува задолжително на подрачјето на дејствувањето, на сите површини и објекти кои припаѓаат во системот за одводнување. Водостопанството, во рамките на подрачјето на дејствувањето може да врши снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување, на правни лица за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, само кога системот тоа го овозможува согласно со проектната – техничка документација. Водостопанството може да произведува и продава електрична енергија само во случаите, кога хидроцентралата претставува дел на системот со кој стопанисува водостопанството, а во согласност со дозволата за користење на водата. За остварување на своите надлежности, водостопанството во рамките на подрачјето на дејствувањето врши:
-изградба, одржување, реконструкција и рехабилитација на хидротехничките објекти;
-монтирање, демонтирање, одржување, контрола и читање на мерни инструменти - водомери и
-геодетски и други снимања за потребите на системот.
Со цел да обезбеди ефикасна работа на системот, да заштити или обезбеди сигурност на објектите кои припаѓаат на системот, водостопанството: насочува водни тела во акумулацијата или во други објекти на системот; гради и одржува објекти за заштита и одбрана од поплави; гради и одржува објекти за спречување од ерозија; гради и одржува објекти за регулирање на реките и пороите и -врши други работи во согласност со закон. При вршење на својата дејност, водостопанството: обезбедува оптимални услуги за корисниците на вода; обезбедува подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода; пресметува и наплаќа надоместоци за услугите кои ги обезбедува; презема мерки за рационално користење на водата, за намалување на загубите на вода на минимум; презема мерки за штедење на водата; совесно и одговорно управува со своите средства, работејќи со нив на внимателен и трошковно ефикасен начин; го одржува и обезбедува ефикасно и одржливо функционирањето и користењето на системот со кој стопанисува и ги спроведува прописите од областа на својата надлежност и општите и поединечните акти што ги донесува.

Контакт лице: Даниела Михајловска
Телефон: ++ 389 2 3244021, M. 072 220 037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје