1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Комисија за ликвидност

Со одлука на Здружението на банкарство од седницата одржана на 11.02.2013 година формирана е  Комисијата за ликвидност во рамките на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија
Причина за формирање и работа на оваа Комисија при Здружението за банкарство е потребата од оперативно покривање на случувањата со ликвидноста на банкарскиот систем и односот на релевантните институции, како НБРМ и Министерството за финансии, од една страна и банкарскиот сектор од друга страна. Конкретна цел на Комисијата за ликвидност е аналитичко разгледување на сите подрачја од работењето на банките кои имаат допирна точка со управување на ликвидноста, од аспект на регулативата и од аспект на оперативните постапки, кои треба да резултираат со ставови и препораки по конкретните прашања. Комисијата по потреба соработува со другите Комисии во рамките на Здружението, а за сите заклучоци и препораки го информира Здружението на банкарство за натамошно постапување.

Претседател на Комисија за ликвидност  е Емил Јакимов од ХАЛК БАНКА АД Скопје и заменик претседател е Љубица Јанчевска Димитровска од НЛБ БАНКА АД Скопје.

 

 



Податоци за дејноста

Причина за формирање и работа на оваа Комисија при Здружението за банкарство е потребата од оперативно покривање на случувањата со ликвидноста на банкарскиот систем и односот на релевантните институции, како НБРМ и Министерството за финансии, од една страна и банкарскиот сектор од друга страна. Конкретна цел на Комисијата за ликвидност е аналитичко разгледување на сите подрачја од работењето на банките кои имаат допирна точка со управувањето на ликвидноста, од аспект на регулативата и од аспект на оперативните постапки, кои треба да резултираат со ставови и препораки по конкретните прашања. Комисијата по потреба соработува со другите Комисии во рамките на Здружението, а за сите заклучоци и препораки го информира Здружението на банкарство за натамошно постапување.

 

 

Контакт лице: Зоран јовановски
Телефон: ++ 389 2 3244044, M. 076 482 378
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: zoran.jovanovski@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје