ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација за агрегати, бетони и асфалти

Групација за агрегати, бетони и асфалти


Во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали, на 8.02.2012 година, формирана е Групација за агрегати, бетони и асфалти.

 

Групацијата е формирана како резултат на потребата за организирано делување и едуцирање на учесниците во производството на конечниот производ односно бетонот или асфалтот, притоа почитувајќи ги одредбите на законските прописи за градежните производи и имплементирајќи ги усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија.

 

Заради поголема координираност и организираност на Групацијата, формирани се експертски тимови и тоа за агрегати од фирмите Макалб и Рудници Бањани, за бетони од Цементарница Усје и Гоива, за асфалти од Гранит и Илинден - Струга и претставници од лабораториите:   Градежен институт „Македонија“ АД Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј – Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје АД Скопје, ДГПУ „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ДОО, Лабораторија за испитување на градежните производи и Евро консалтинг ДОО Скопје – Лабораторија за испитување на градежните материјали.

 

За претседател на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти, на  5.4.2017 година, е избран г-дин Никола Крајчевски од ГД „Гранит“ АД – Скопје.

 

 



Податоци за дејноста

 

Контакт лице: Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје

Петар Мазев
Композиција, 1975
масло на панел (80х80)