ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Комисија за животно осигурување

Комисијата за животно осигурување е формирана на 25.04.2012 година и е составена од следните осигурителните компании за живот:

1. ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс груп Скопје АД Скопје;

2. КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ;

3. УНИКА ЛАЈФ АД Скопје и

4. ГРАВЕ Осигурување АД Скопје.

 
 



Податоци за дејноста

Податоци за дејноста во 2016 година

Во 2016 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 15 друштва за осигурување, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, а 4 осигурување на живот. Во текот на 2016 година делуваат 33 осигурително брокерско друштво, 14 друштвата за застапување и 3 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување, 469 лиценцирани брокери и 1.065 лиценцирани застапници во осигурување.

Кај осигурувањето на живот се забележува пораст на приходите од 17,32% во однос на претходната година со остварена БПП изнесува 1,29 милијарди денари. Најголемо учество во осигурувањето на живот зазема традиционалното осигурување на живот (мешаното осигурување) со учество од 73,82%, потоа следува осигурување на живот во случај на доживување со 8,27%, ризико осигурување со 5,56%, осигурувањето на живот кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот со 4,45% и дополнителното осигурување на
живот со 7,89%.

Unit linked осигурување за прв пат се појави на домашниот пазар во 2015 година кога беа склучени 325 договори со вкупна БПП од 7,71 милиони денари, а веќе во 2016 година се забележува пораст со склучени 1.466 договори со вкупна БПП од 57,46 милиони денари.

 
 

Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје