ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Комисија за пензиско осигурување

Согласно заклучокот на седницата на Здружението на осигурување одржана на 25.04.2012 година, се формира Комисија за пензиско осигурување која ќе функционира во рамките на Здружението.

Во дејноста осигурување функционираат и две друштва кои се занимаваат со пензиско осигурување, вклучени во вториот и третиот пензиски столб:

1. КБ прво пензиско друштво
2.
Нов пензиски фонд

Покренувајќи Иницијатива за формирање на Асоцијација на конститутивната седница одржана на 27.11.2012 година Комисијата прерасна во Асоцијација на друштва за управување со приватни пензиски фондови на Република Македонија.

 

 
 



Податоци за дејноста

Во рамките на капитално финансираното пензиско осигурување, постојат две пензиски друштва. Двете друштва управуваат со по еден задолжителен и по еден доброволен пензиски фонд.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување е самостојно и независно регулаторно тело кое е основана заради вршење супервизија на работењето пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови (осигурениците).

Агенцијата е надлежна:
- да издава, повлекува и да одзема дозволи за основање на пензиските друштва и одобренија за управување со задолжителни и/или доброволни пензиски фондови;
- да врши супервизија на работењеѕо на пензиските друштва и пензиските фондови со кои тие управуваат, какои на чуварите на средствата на пензиските фондови и на странските менаџери на средства;
- да го промовира, да го организира и да го поттикнува развојот на капитално финанссираното пензиско осигурување во Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и да ја развива свеста на јавноста за целите и за принципите на пензиските друштва и на пензиските фондови;
- да донесува акти согласно овој закон и согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, како и стручни упатства, прирачници и слично, во врска со капитално финансираното пензиско осигурување и да иницира донесување прописи и други акти во врска со пензиските друштва и со пензиските фондови со кои тие управуваат.
 

 
 

 

 

Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје