ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на производители на заштитни врати

Групација на производители на заштитни врати е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на производството на разни типови на заштитни врати, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област, заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.

Во групацијата членуваат околу 20 мали и средни правни лица, репрезенти производители на заштитни врати како што се ПП врати, врати за склоништа, врати за заштита од бучава, противчадни, ренгенски врати и друг типови на врати, каси и сефови.

Групацијата ќе разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда, ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, усвојува заклучоци и предлага мерки, покренува иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницира и остварува соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и др.

Групацијата има Управен одбор од 7 членови.

За претседател на Управниот одбор на Групацијата во наредниот двогодишен мандат се избра г-дин Марјан Јовевски од Златна рака-М од Скопје, а за заменик претседател на Управниот одбор на Групацијата во наредниот две годишен мандат се избраа Г-га Лилјана Стојановска од СЕФ од Скопје

Правила за организацијата и начинот на работа на Групацијата на производители на заштитни врати



Податоци за дејноста

На почетокот на годината во Стопанска комора на Македонија формирана е нова групација на производители на заштитни врати во која членуваат околу 20 фирми - мали и средни производители на заштитни врати како што се ПП врати, врати за склоништа, врати за заштита од бучава, противчадни, ренгенски врати и друг типови на врати, каси и сефови.

Формирањето на Групацијата произлезе од потребата заедничко разрешување на тековните проблеми, предлагање на мерки од заеднички интерес, давање на мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи, институции и организации и други прашања од заднички интерес.

Производството на сите видови на заштитни врати на годишно ниво изнесува околку 120 тона, односно 500 заштитни врати од кои најголемиот дел се пласираат на домашен пазар. и околу 500 армирани каси и сефови.

Основен проблем со кои се соочуваат производителите на безбедносни врати во државата е налојалната конкуренција од увоз на вакви производи, за кои не постои сигурност за нивниот квалитет и безбедност. Имено, во РМ не постои овластена и акредитирана лабораторија и тела за оценка на сообразноста ( за означување на ЦЕ ознаки согласно Законот за безбедност на производите) со кои би се проверил квалитетот на увезените производи.

Сознанијата во Групацијата се дека ваквата состојба доведува до увоз на заштитни врати со низок квалитет.

Од вкупно реализираниот увоз на заштитни врати во 2010 година - 2,1 мил САД%, половината, односно над 50% е увоз од Кина, 10% од Турција а останатите се од Чешка, Италија и Германија.

Производите увезувени од НР Кина се означуваат со ЦЕ ознаки, но прашање е дали истите се означени од овластени лаборатории од Европската унија кои се објавени во службените весници на ЕУ.

За да се надмине ваквата состојба, а имајќи ги предвид несаканите последици кои можат да ги предизвикаат заштитните врати со неадекватен или низок квалитет, Групацијата ја истакнува потребата од донесување на правна регулатива со која ќе се обезбеди зајакната контролира на квалитетот во нивното производство и увоз. Воедно Групацијата ќе настојува да го подигне нивото на квалитетот на врати кои се нудат во државава, како не би дошло до катастрофални последици при евентуална појава на пожар, во некои од објектите, бидејќи сегашните законски прописи овозможуваат во објектите да се вградуваат и врати, кои не се апсолутно сигурни и претставуваат потенцијална опасност за нивните корисници.

Покрај тоа, Групацијата ќе поведе и иницијатива пред надлежните државни институции, пред се Министерство транспорт и врски и Министерството за економија, да се овласти тело (во која свое учество ќе земат и производителите), кое ќе врши контрола на квалитетот и издава атести за квалитет. Овоа тело пред се би вршело испитување, лиценцирање, категоризација и други работи за кои би биле во функција на обезбедување на потребниот квалитет на заштитните врати.

Донесувањето на правната регулатива е од интерес и на производителите на опремата а и на самата држава: производителите ќе се заштитат од нелојалната конкуренција, додека интересот на државата е намалување на последиците од пожари и други непожелни последици.

Во реализација на овие инцијативи, една од позначајните активности на Групацијата ќе биде соработката со организацијата на потрошувачи преку којаќе се информираат потрошувачите за значењето за квалитетот на заштитните врати.

Контакт лице: Војкан Николовски
Телефон: ++ 389 2 3244068
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vojkan@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје