1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Групација на конзервната индустрија

Во Групацијата на конзервната индустрија членуваат правни лица, чија основна дејност е преработка на овошје и зеленчук.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи и институции;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заеднички набавки на суровини и репроматеријали како и заеднички пласман на производите во странство;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Виктор Петков-ВИПРО, Гевгелија

 
 


Податоци за дејноста

КОНЗЕРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Земјоделско прехранбениот сектор е еден од клучните сектори на македонската економија, и третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Во периодот 2000-2018 учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БНП е околу 12% а заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи ,учеството се зголемува на 16%.
Земјоделството значително придонесува кон надворешната трговија. релативниот удел на извозот на агро-прехранбени и рибни производи во вкупната трговија во периодот 2000-2018 се движи во рамки од 16% до 18% Еден од главните под сектори во прехранбената индустрија е конзервната индустрија, односно индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, која е важен сегмент од агроиндустрискиот комплекс.

Преработка на овошје и зеленчук

Еден од главните подсектори во прехранбената индустрија и важен сегмент од агроиндустрискиот комплекс е конзервната индустрија, односно индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во која се регистрирани 43 фирми со вкупно 1.165 стално вработени. Од нив 22 претпријатија преработуваат само зеленчук , 4 се занимаваат само со преработка на овошје додека 17 претпријатија имаат комбинираната преработка (овошје и зеленчук). Општо земено, околу 91% од сите активности опфаќаат преработка на зеленчук, додека само околу 9% се преработка на овошје. Во однос на типот на преработувањето, најголем дел од преработувачите, 29 од нив се занимаваат со конзервирање, 2 компании се капацитети за сушење и 7 капацитети за замрзнување додека останатите 5 имаат комбинирани производни линии.
Најголем број од претпријатијата за преработка на овошје и зеленчук се класифицирани како микро (16) и мали претпријатија (21). Во индустријата за преработка на овошје и зеленчук нема големи претпријатија, што се должи на сезонскиот карактер на производството, што пак од своја страна создава можности само за сезонско вработување.
Конзервната индустрија е речиси целосно зависна од домашното производство и понуда на земјоделски производи и во целост се потпира на аранжманите со индивидуални земјоделци, претпријатија и задруги. Цените значително варираат во зависност од побарувачката за свежи земјоделски производи во регионот и поголемото или помало производство во земјата. Тоа претставува сериозна пречка што ја оневозможува индустријата да го достигне својот полн потенцијал и да се впушти во поголеми извозни договори. Во просек само 40-50% од потребните суровини за индустријата се однапред договорени и се испорачуваат од производителите/трговците). Недостигот на капацитети за ладење И складирање кај преработувачите е уште една голема пречка што оневозможува подобро организирање, планирање и извршување на производните планови. Во последните неколку години индустријата откупува во просек на годишно ниво околу 70-75 илјади тони суровина. Црвената пиперка, како и претходно е најважната суровина за преработувачката индустрија.
Индустријата во последните години покажува постојано зголемување на производството, најмногу поради зголемената побарувачка за македонските преработки од страна на странските купувачи, како и порастот на домашниот пазар што е резултат на силната пенетрација на малопродажните синџири и промените во животните навики на населението (купување на преработени производи наместо домашно подготвување). Во 2015 година индустријата го зголеми вкупното производството во споредба со претходната година, главно како резултат на зголеменото производство на овошје и зеленчук.
Индустријата за преработка на овошје и зеленчук е силно извозно ориентирана. Како резултат на високото реноме кое нашите производители го имаат кај странските увозници, постои позитивен тренд на зголемување на количините за извоз. Интересно е дека домашната продажба исто така се зголемува. Во 2018, домашната продажба изнесува 9,2 илјади тони.
Преработувачката индустрија на овошје и зеленчук е високо ориентирана кон извоз, извезувајќи околу 80% од вкупното производство. Пазарите на ЕУ и на соседите се главните дестинации на извоз за домашно произведените и преработени производи. Прекуокеанските пазари (особено Австралија) е исто така важна дестинација на извоз поради големите заеници на имигранти од Македонија но исто така, и од другите Балкански држави. Вредноста регистрирана во врска со количеството на извоз укажува домашните преработувачи главно извезуваат производи со ниска додадена вредност, кои се сметаат како стандардни производи или “стока за широка потрошувачка“.
Од производите најмногу се извезувало ајвер, лутеница (24%), конзервирани домати, краставици корнишони (12%), конзервирани пиперки (12%), печена пиперка (10%) мешан зеленчук, разни додатоци и зачини за јадења, природни сокови од овошје, пастеризирана вишна и вишна во алкохол идр. Сепак, скромните резултати во последните неколку години не можат да го засенат постоечкиот потенцијал за подобрување на меѓународната конкурентност на овој сектор во блиската иднина: погодните природни услови за одгледување, особено на овошје и зеленчук, како и образованата работна сила, потоа долгата традиција во преработката на храна каде се повеќе постои голема побарувачка за некои производи кои се типично македонски и за радиционални полу-преработени македонски производи, технологијата која се користи им овозможува на македонските производи да ги исполнуваат хигиенските стандарди на ЕУ и како последно, но не и помалку значајно, се поголемиот број на нови приватни претпријатија кои успешно работат.
  • Македонија има докажана историја во преработувањето на овошје и зеленчук на домашниот и странските пазари.
• Постои голема побарувачка за некои производи кои се типично македонски ( локална храна ).
• Постои потенцијал за специфични производи ( како што се диви печурки, диви билки и зачини итн.) на странските пазари.
• Побарувачката за повеќето преработени македонски производи е поголема од понудата.
• Во меѓувреме, побарувачка постои дури и за традиционални полу-преработени македонски производи.
• Македонските претпријатија имаат добар углед во однос на квалитетот и испораката.
• Технологијата која се користи им овозможува на македонските производи да ги исполнуваат хигиенските стандарди на ЕУ.
За да се искористи либерализацијата на трговијата и особено постојниот процес на интеграција во Европската Унија, македонската прехрамбена индустрија мора да ја зајакне својата мегународна конкурентност со тоа што ќе се фокусира повеќе на асортимани на производи со поголема вредност, зголемена продуктивност, како и подобрени раководни и маркетиншки вештини.

СУРОВИНСКА БАЗА

Зеленчук

Најголемите региони на кои се произведува зеленчук се лоцирани во јужниот дел на земјата (Струмица, Гевгелија), се карактеризираат со променлива медитеранска клима, како и во Куманово и Скопје, каде е присутна умерена континентална клима.
Потсекторот за зеленчук (вклучително компир) е еден од најважните потсектори на македонското земјоделство. Се произведува околу 755,000 тони на вкупна површина од околу 63,000 хектари, од кои на 260 ха се произведува во загревани стакленици, а остатокот под пластеници или на отворени полиња.
Преовладува компирот со 26% од вкупната површина засадена со зеленчук, потоа следат пиперките и лубениците (15% од секоја), грав (14%), домати (13%), зелка и кромид (7% од секоја) и лук (2%).
Во однос на произведените количини, компирот повторно е во водство со 26% од вкупното производство на зеленчук, потоа следат лубениците (20%), доматот (18%), пиперките (17%) и други зеленчуци (зелка, краставици заедно со други зеленчуци како што се праз, грашок, боранија, карфиол, марула, патлиџан, и т.н.).

Преработка на зеленчук и овошје

Претпријатијата за овошје и зеленчук произведуваат околу 45.000 тони преработки годишно, со што расположивите капацитети ги користат околу 35%.Главно произведуваат полу-готови производи (доматно пире, кечап и доматни сокови, јаболкови концентрати, замрзнати вишни – наменети за дообработка, суви производи како сливи, ориз, моркови, магдонос, кромид, лук) и во помали количини високо преработени производи (во тегли или конзервирани печени пиперки, ајвар, лутеница, ѓувеч, маринирани корнишони, лути и благи пиперки, цвекло и овошни производи со додаден шеќер како што се компоти од вишни, џемови, и т.н.).
Во периодот од 2000-2018, индустријата бележи постојан пораст во производството, главно поради зголементата побарувачка на странските купувачи за македонски преработки, а порастот на домашниот пазар се јави како резултат од навлегувањето на синџирите на мало и промените на начинот на живот на населението (купување на преработени производи наместо нивно подготвување дома). 2015 година вкупен извоз изнесува приближно 65 милиони САД долари или 18% повеќе во однос на 2017 година кога беа извезени производи во вредност од 55 милиони САД долари.

 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје