1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Групација за противпожарна заштита

Групацијата за протипожарназ аштита е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на производството и промет на противпожарна опрема, опрема за заштита и спасување, лична и заштитна опрема и услуги во делот на против пожарна заштита, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област, заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.

Во групацијата членуваат околу 15 правни лица репрезенти од овие дејности , како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област.

Основни цели и задачи во работењето на Групацијата е разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда, ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, усвојува заклучоци и предлага мерки, покренува иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницира и остварува соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и др.

Групацијата има Управен одбор од 5 членови.

На пленарната седница одржана на 28.09.2015 година за нов претседател на Групацијата е избран г-дин Милан Клопчевски од Огнопревент инжињеринг од Скопје, а за потпретседател Часлав Јовановиќ одфирмата Превентива од Куманово

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Групација за против пожарна заштита 

 
 


Податоци за дејноста

Групацијата за протипожарназ аштита е стручен облик на организирање во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата.

Дејноста на компаниите кои членуваат во групацијата е од областа на производството и промет на противпожарна опрема, опрема за заштита и спасување, лична заштитна опрема и услуги во делот на против пожарна заштита  и безбедност Со донесувањето на Правилникот за задолжителна ПП опрема во возилата ( Сл весник 31/10 и Сл.весник 48/10), компаниите се најдоа во многу незавидна положба. Со неговното донесување и примената доведе до сериозни последици спротивни на развојот на стопанството со нанесување на дестабилизација на оваа стопанска гранка (трговија со против- пожарна заштита и безбедбост при работа), при што компаниите се доведени пред финансиски колапс.

Со донесувањето на Правилникот за да се излезе во пресрет на граѓаните и правните лица компаниитете кои работат трговија со оваа опрема вложија неповратни средства за набавка на ПП апарати, Со овие вложени средства пресметано е дека може да се изгради една солидна фабрика за ПП апарати во која би се вработиле нови работници и би ги задоволила потребите на регионот Јужен Балкан.

Дополнителен проблем во работењето преставува и несоодветно определување на против пожарните апарати по видови и количина кај различните по големина моторни возила односно неправилна класификација на возилата.

 
 

Контакт лице: Војкан Николовски
Телефон: ++ 389 2 3244068
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vojkan@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје