Групација за производство и преработка на пластични маси

   

Групација за производство и преработка на пластични маси е форма на организирање на фирмите кои се занимаваат со производство и преработка на палстични маси, заради ефикасно остварување на специфичните интереси од оваа дејност.

Во Групацијата членуваат фирмите од следните дејности: производство на пластични маси во примарен облик, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, производство на амбалажа од пластични маси и на предмети за вградување од пластични маси.

Во Групацијата членуваат околу 30 фирми од споменатите дејности. Членките на Групацијата се и најбројните во рамките на Здружението на хемиската индустрија.

 
 


Податоци за дејноста

Обликуваните пластични маси се на второ место во структурата на извозот на хемиски производи , веднаш зад фармацевтските производи.
Индексот на индустриско производство на производи од гума и од пластични маси во три години бележи благ но континуиран пораст. Во 2018 година задржано е истото ниво на физичкиот обем на производство како и претходната година, индекс 99,7.
 Во структурата на вкупното индустриско производство оваа дејност учествува со 2,35%.
Извозот на производи од гума и пластика исто така бележи пораст во послените неколку години. Имано, од реализиран извоз во вредност од 78,16 милиони САД долари во 2016 година во 2018 тој изнесува над 100 милиони американски долари. Увозот на производи од пластика и гума во 2016 година изнесува 324 милиони САД долари, од којшто голем дел е наменет за производните процеси во дел од индустријата.
Во индустријата на пластика во РМ реално остварливи се инвестициите за модернизација на постојните и инвестирање во нови технологии и опрема, и тоа во:
 • реализација на проекти од областа на заштитата на човековата средина за пречистување на почвата, каталитички обвивки, производи за третман на водата и за третирање на отпадот.
• во производство и преработката на пластични маси инвестиции за згрижување и рециклирање на истите во функција на заштита на човековата околина.

 

 
 

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје