ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на агенции за недвижности

Групацијата на агенции за недвижности, како посебен облик на организирање и работење во рамки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите е конституирана на 21.09.2006 година.

Групацијата ги претставува и застапува интересите на компаниите – членки на Здружението кои вршат дејност и нудат услуги поврзани со прометот на недвижностите вклучувајќи посредување при закуп и продажба, процена на недвижен имот, консалтинг и друго.

Иницијативата за формирање на оваа Групација произлезе од потребата, за заедничко залагање во насока на надминување на одделни проблеми во дејноста и тековното работење со кои се соочуваат агенциите за недвижности, при што заложбите на компаниите имаат за цел регулирање на пазарот на недвижности со заокружување на законската регулатива, уредување на дејноста за посредување во прометот со недвижности и подигнување на професијата агент за посредување во прометот со недвижности на повисоко ниво.
 
Претседател на Управниот одбор на Групацијата на агенции за недвижности е Лилјана Ковачева од агенцијата Дом Дизајн, Скопје.

 

 

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ПОСРЕДНИЦИТЕ СО ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

ИЗЈАВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА КОДЕКСОТ

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ПОСРЕДНИЦИТЕ СО ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ (брошура)

  

 



Податоци за дејноста

Агенциите за недвижности се појавија на пазарот во последните десетина - петнаесет години и засега делуваат во рамките на постојните закони, полека работејќи на својот статус, но и давање коректни услуги кон своите коминтенти.

Негувањето и проширувањето на бизнис односите на агенциите, не само во земјата, туку и проширување на регионално и на европско ниво, преставуваат императив на секој стопанственик, така што во нередниот период се очекува заедничка работа, а посебно и со нашите заложби Македонија да стане членка на Европската унија, од каде може да се користат искуства и знаења во областа на недвижностите.

01.02.2016 - Групацијата на агенции за недвижности

Тимот задолжен за комуникации со бизнис заедницата запознаен со работењето на Групацијата
Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија, беше вклучена во Проектот „Учиме од бизнис заедницата“ што е во организација на Кабинетот на Заменик претседател на Владата на Република Македонија за економски прашања, господинот Владимир Пешевски, при што, во писмена форма беа изнесени сите досегашни активности на Групацијата, посебно во делот на потребата од донесување на законска регулатива за прометот со недвижности. 

Прилог: Образложение и работен текст на Законот за посредување во промет со недвижности

25.6.2012 година - Групацијата на агенции за недвижности Залагање за донесувaње на Закон за посредување во промет со недвижности >>>

28.3.2012 година - Групацијата на агенции за недвижности Агенциите се залагаат за ред во прометот со недвижности преку законска регулатива >>>

 

 

Контакт лице: Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје