1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Групација за штедилници и финансиски друштва

Групацијата е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на банкарството преку кој членовите самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес на својата дејност.

На седницата на Групацијата за штедилници и финансиски друштва во рамките на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија која се одржа на 26.6.2018 година беше избрано новото раководство за следниот мандатен период:

   • Драган Андријевиќ, ФД БАВАГ- Скопје, претседател на Групацијата
   • Горан Василев, ФД ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ – Скопје, заменик претседател на Групацијата.
   • Даниел Додевски, ФД ФКЦ - БС – Скопје, заменик претседател на Групацијата

Здружувањето во Групацијата и истапувањето од неа е слободно и на доброволна основа.

Основни цели и задачи на Групацијата се да разгледува прашања во врска со унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми во дејноста, да предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи, да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и да покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите и сл.

Групацијата работи на пленарни седници на кои можат да учествуваат претставници на сите членови на Групацијата.

Групацијата работи согласно Правила за организацијата и начинот на работа на Групацијата на штедилници и финансиски друштва.
 

 

 



Податоци за дејноста

Штедилниците се втор сегмент на банкарскиот систем на Република Македонија и претставуваат релативно мали финансиски институции

Штедилница  претставува финансиска институција која нуди финансиски услуги (прибира депозити и давакредити), претежно работејќи со населението. Штедилниците спаѓаат во групата надепозитни институции. Во Македонија, банка не може да основа штедилница, а штедилница не може да работи под називот банка.

Штедилниците се релативно мали финансиски институции, кои имаат дозвола од Народната Банка на Република Македонија. Штедните влогови се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, на ист начин како и депозитите во банките.

 

 

Контакт лице: Зоран јовановски
Телефон: ++ 389 2 3244044, M. 076 482 378
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: zoran.jovanovski@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје