ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на производителите и преработувачи на месо

Во Групацијата за преработка на месо и производство на преработки од месо членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на јајца.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Гоце Трајчев-МИК Свети Николе, Свети Николе

 
 


Податоци за дејноста

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА


Во Република Македонија постојат околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Денес домашната месна индустрија се карактеризира со големи вложувања, нови објекти, машини, технологии за преработка. Таа работи профитабилно, за разлика од други гранки кои генерираат загуби, вработува и обучува луѓе и има свој тим технолози, така што освен консултативна помош, не се ангажираат странски технолози. Според тоа, може да се заклучи дека во земјава егзистира месна индустрија која во ништо не заостанува зад месните индустрии од соседните држави, а во одредени сегменти дури и ги надминува.
Еден од основните проблеми со кои се соочува месната индустрија во Македонија е недостатокот на суровини за преработка. Производството на свинско месо е недоволно за да ги задоволи потребите на пазарот за свежо месо, поради што домашните производители се принудени да увезуваат свежо месо како суровина при што се изложени на високи царински давачки. Сите видови на свежо или замрзнато месо за преработка од увоз се оптоварени со царини иако земјава е дефицитарна по таа основа. Од друга страна, постои бесцарински увоз на готов производ од страна на земји со кои се склучени билатерални договори како што се Србија и Црна Гора, Хрватска и БиХ, од кои во земјава влегува 1.900 тони готов производ секоја година без царина. Со тоа, домашните производители се ставени во нерамноправна положба, па наместо македонските производители да станат извозници, се борат за задржување на домашниот пазар.
Производството и производствените капацитети мора да исполнуваат одредени стандарди кои гарантираат висок квалитет на крајниот производ. Стандардите под кои се произведува се во рамките на законската регулатива, а во некои сегменти се многу над неа, поради нејзиното константно ревидирање што е насочено кон примена на поригорозни стандарди за квалитет и имплементирање на системот за контрола GMP, кои во принцип се чекор понапред кон воведување на HACCP-системот. Самите производители си наметнаа повисоки стандарди свесни дека со отварање на пазарот треба да се подготват за конкуренцијата што доаѓа. Самиот знак за квалитет гарантира дека производите се добри, подлежат на постојан мониторинг за квалитет и како такви се препознаваат од потрошувачите. Дури 77 % од потрошувачите се изјасниле дека го препознаваат знакот за квалитет и се одлучуваат да го купат производот кој е носител на тој знак. Производите, кои се носители на знакот за квалитет, се одликуваат со подобар вкус, свежина, а исто така и имаат и поголема достапност во малопродажната мрежа. Ако се случи одреден производ да не ги задоволи барањата на оваа програма, прво се опоменува производителот, а потоа се одзема знакот. HACCP -системот е неопходност, бидејќи во ЕУ не е можен извоз на храна која не ги запазува овие стандарди. За целосно имплементирање на овој систем потребно е воведување на овој систем и во примарното производство по што, целиот систем ќе се заокружи со цел подигање на целокупниот квалитет на производството.
Производство на месо и месни производи во Република Македонија  во тони


Производи

2007/т

2008/т

2018/т

Просечно производство 2007-2018/т

Говедско месо,свежо или разладено,во трупови,половинки и четвртинки

1.029

1.152

1.040

1.073,6

Свинско месо,свежо или разладено,во трупови и половинки,бутови,плешки и нивни парчиња

8.007

8.248

6.831

7.695,3

Овчо и јагнешко месо,свежо или разладено

169

454

443

355,3

Овчо и јагнешко месо,замрзнато

985

933

930

949,3

Месо од кокошки и пилиња,свежо или разладено,несечено

268

378

442

362,6

Свински бутови,плешки или други парчиња од нив,со коски,солени,во саламура,сушени или чадени (полутрајни и трајни)

1.689

1.933

2.133

1.918,3

Свинска сланина со месо и парчиња,солена,во саламура,сушена или чадена (полутрајна и трајна)

652

797

1.000

816,3

Друго свинско месо,солено,во саламура,сушено или чадено (полутрајно и трајно)

175

329

330

278

Говедско и телешко месо,солено,во саламура,сушено или чадено (полутрајно и трајно)

408

510

508

475,3

Производи од колбас,полутрајни и барени

5.821

6.287

6.715

6.274,3

Друго месо од мисирки, приготвено или конзервирано

54

41

44

46,3

Друго живинско месо, приготвено или конзервирано

873

1.294

1.351

1.172,6

Свински шунки и парчиња од шунки,приготвени или конзервирани

1.864

2.150

2.270

2.094,6

Преработка од говедско или телешко месо

180

285

42

169

ВКУПНО

22.972

25.639

24.895

24.475,4

 

Увоз на месо и месни производи во Република Македонија од 2005 до 2018 година во тони

Увоз на месо

Вид на месо

2005

2006

2007

2008

2015

1.Говедско

 

 

 

 

 

свежо со коски

17.800

22.604

21.723

25.505

25.472

свежо без коски

103

987

636

637

533

замрзнато без коски

5.847

8.652

13.192

10.57

10.069

со коски

/

/

/

/

/

Вкупно говедско

23.750

32.243

35.552

36.714

36.075

2.Свинско

 

 

 

 

 

свежо

1502

2685

2802

3789

4715

замрзнато

11.383

12.557

15.767

22.212

25.520

Вкупно свинско

12.886

15.242

18.570

26.002

30.235

3.Живинско неисечено замрзнато

3.354

2.034

4.020

4.938

3.819

живина исечена свежа

1.975

1347

588

133

/

живина исечена замрзната

/

/

603

37.258

39.049

живина неисечена свежа

/

/

188

/

179

Вкупно живинско

5.330

3.382

5.401

42.329

43.049

Вкупно месо

41.967

50.868

59.523

105.046

109.360

 
Увоз на преработки од месо/тони


Производи

2005

2006

2007

2008

2018

Кланични производи

2.027

3.019

3.010

3.669

5.531

Колбаси и слични преработки од месо

4.848

6.546

8.077

8.969

8.748

Месо и др.кланични производи(припремени или конзервирани)

6.882

7.686

8.610

12.181

102.54

Вкупно преработки од месо

13.758

17.253

19.698

24.820

24.535

 

Извоз на месо и месни производи во Република Македонија од 2005 до 2018 година    во кг

Назив на суровината или производот

2005

2006

2007

2008

2009

2018

Говедско месо

- со коски, свежо или разладено

106.035

/

247.066

2.698.303

2.670.219

/

- во саламура, чадено и сушено

/

/

/

130.692

/

/

- месо и други кланични производи од говеда, припремени или конзервирани

621.501

237.545

318.299

226.414

/

100.981

Вкупно говедско месо

727.536

237.545

565.365

3.055.409

2.670.219

100.981

Овчо месо

- свежо или разладено

15.721.505

16.691.920

17.632.955

20.700.337

19.156.653

18.609.303

- замрзнато

/

/

/

/

100.460

/

Вкупно овчо месо

15.721.505

16.691.920

17.632.955

20.700.337

19.257.113

18.609.303

Свинско месо

- свежо или разладено

/

/

/

2.738.535

1.043.585

/

- замрзнато

/

115.429

/

/

/

/

- месо и други кланични производи од свиња, припремени или конзервирани

183.335

237.217

582.361

1.854.868

1.773.926

1.647.468

Вкупно свинско месо

183.335

352.646

582.361

4.593.403

2.817.511

1.647.468

Пилешко месо

- живина, неисечена, замрзната

148.872

/

/

/

/

/

- бутови и пилешки со коски,во саламура,чадено и сушено

/

/

/

/

366.264

/

- месо и други производи од живина приготвени или конзервирани

132.494

/

101.414

282.414

326.961

616.960

Вкупно пилешко месо

281.366

/

101.414

282.414

693.225

616.960

Колбаси и слични производи од месо и друго

895.049

1.102.893

3.045.613

4.139.353

7.830.551

11.707.467

Вкупно

17.808.791

18.385.004

21.927.708

32.770.916

33.268.619

32.682.179

 

4. Законска регулатива
  • Закон за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната
• Закон за управување со пакување и отпад од пакување
• Правилник за условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба што можат да се пуштат во промет
• Предлог - Закон за безбедност на храна
I. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА И НА ПРОИЗВОДИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА - Сл.Весник на РМ бр.54/2002 година
Со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, се уредуваат:
  • условите за обезбедување на безбедност на храната и на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната,
• производството и прометот со храната, како и
• правата и обврските на физичките и правните лица кои произведуваат или вршат промет.

Целта на ово закон е да се заштити здравјето на луѓето, да се заштитат потрошувачите од заблуда и да се овозможи слободен промет на внатрешниот и надворешниот пазар.
Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
  • Поим за храна;
• Надлежени органи за вршење на работите од областа на бебедноста на храната;
• Услови за безбедност на храната кои треба да ги исполни производителот по однос на хемиските, физичките, микробиолошките и органолептичките својства на храната;
• Услови за производство на храна;
• Услови за промет на храна;
• Надзор над храната и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната при увоз и извоз;
• Информации за потрошувачот кои што треба да ги означи производителот;
• Контрола на храната и на материјалите што доаѓаат во контакт со храната;
• Казнени одредби.
II. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ - Сл. Весник на РМ бр.161/2009 година
Предмет на уредување
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето, и тоа:
  • при неговото производство;
• при пуштање на пазар и ставањето во употреба на пакувањето;
• правила за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување на отпадот од пакувањето, како и
• економски инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад.
Примена на Законот
Одредбите на овој закон се применуваат:
  • на сите пакувања што се произведуваат и пуштаат на пазар на територијата на Р Македонија;
• на целиот отпад од пакување кој е создаден во производствената, индустриската, занаетчиската, трговската услужната, административната и друга дејност;
• на отпадот од пакување кој е создаден во домаќинствата.
Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
  • Заштита на животната средина и мерки за превенција;
• Примена на стандарди во управувањето со пакувањето и отпадот од пакувањето;
• Барања во однос на производството и составот на пакувањето;
• Барања на нивоа на концентрација на тешки метали присутни во пакувањето;
• Барања во однос на природата на пакувањата кои се наменети за повторна употреба;
• Барања во однос на погодноста на пакувањето за преработка и рециклирање;
• Идентификација и означување на пакувањето;
• Информации за корисниците на пакувањето;
• Надзор;
• Прекршочни одредби.
III. П Р А В И Л Н И К
За условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба што можат да се пуштат во промет (С.л. на СФРЈ бр. 55/78- превземен како републички пропис)
Според овој правилник, предметите за општа употреба што се пуштаат во промет во Република Македонија, мораат да исполнуваат одредени услови во поглед на нивната здравствена исправност. Според чл2 на овој правилник под предмети за општа употреба се подразбираат:
  • Садови, прибор и амбалажа за животни намирници;
• Детски играчки;
• Средства за одржување на лична хигиена и нега на лицето и телото;
• Средства за одржување на чистотата во домаќинството;
• Тутунски преработки.
Во овој правилник се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
  • Општи услови за промет за промет при приготвувањето, производството, мерењето, преработката, доработката, превозот или употребата на животните намирници;
• Посебни услови за промет за промет при приготвувањето, производството, мерењето, преработката, доработката, превозот или употребата на животните намир;
• Општи услови за промет за промет во однос со амбалажата што доаѓа во непосреден допир со животните намирници;
• Посебни услови за промет за промет во однос со амбалажата што доаѓа во непосреден допир со животните намирници.
IV. ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Општи oдредби
Со овој закон се уредуваат основните начела за безбедноста на храната и храната за животни, општите и посебните хигиенски барања за храната, организационите структури на системот на безбедност на храна и официјалните контроли на храната и храната за животни.<
Одредбите на овој закон се применуваат во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата на храната и храната за животни.
Одредбите на овој закон не се применуваат на примарното производство на храна за домашна употреба или домашно подготвување, како и на ракување или складирање на храна за приватно домашно конзумирање.
Општи начела
Одредбите на овој закон и прописите кои се донесени врз основа на овој закон треба обезбедат висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на интересите на потрошувачите, земајќи ја предвид, каде што е потребно, и здравствената заштита на животните и нивната благосостојба, здравјето на растенијата и заштита на животната средина.
Со овој закон треба да се обезбеди слободно движење на храната и храната за животни, во согласност со начелата и барањата кои се пропишани за овој дел.
За да се постигнат овие цели, прописите кои се донесени се базираат на анализа на ризикот. Оваа проценка се заснова на достапни научни докази и се врши на независен, објективен и транспарентен начин.
Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
  • Поимот храна;
• Општи обврски во прометот со храна;
• Надлежен орган за вршење на работите од областа на безбедноста на храна и храна за животни, како и надзор на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните;
• Надлежности на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
• Органи кои вршат работи од областа на безбедност на храна и храна за животни;
• Општи барања за безбедност на храна;
• Презентирање на храна и храна за животни;
• Општи одредби за хигиена на храната;
• Услови за ставање во промет на храна од животинско потекло;
• Надзор над спроведувањето на овој закон;
• Преодни и завршни одредби.
5 Стандарди кои ја регулираат безбедноста и квалитетот на храната
5.1 HACCP
 
Доброто познавање на анализите за опасност и критичната контролна точка (HACCP) ке бидат потребни за спроведување на ИСО 22000 системот за безбедно управување на храната. HACCP е дел од ISO 22000 Food Safets Management System (FSMS). HACCP е систем за безбедно производство на храна, кој е глобално признат и постои од 1960 год. Компаниите со HACCP користат превентивен пристап за максимална сигурност на храната, откривајќи ги ризиците и методи за да се контролира ризикот или да се намали. HACCP системот се базира врз седум главни принципи:
  1. Спроведување на анализата за опасност
Во неа се анализираат сите процеси и се откриваат можните опасности. Ризик може да постои од хемиска гледна точка, физичка или биолошка.
2. Препознавање на критичните контролни точки
За секоја од критични контролни точки треба да се превземе превентивна мерка за спречување на ризикот со употреба на соодветна температура, Ph вредност, време или процедура.
3. Утврдување на критичните граници
Следен чекор е воспоставување на критериум за секоја критична точка за да се контролира ризикот во таа точка со поставување регулаторни граници.
4. Воспоставување на процедури за следење
Потребно е да се следи процесот на критичните контролни точки и да се води евиденција за да се покаже дека критичните граници се исполнети.
5. Воспоставување на корисни активности
Во оваа фаза се утврдуваат мерки кои ќе се превземат ако критичната граница не се исполни.
6. Воспоставување процедури за водење евиденција
Исполнување на регулаторните барања и вклучување на податоците од самиот развој како и од функционирањето на системот.
7. Воспоставување на постапки за верификација
HACCP планот мора да биде дозволен за да биде ефикасен во откривањето и спречувањето на опасностите.
5.2 ISO стандарди
 
Во меѓународната организација ISO (Меѓународна Организација за Стандарди), еден од најпопуларните и најпретпознатлив е Qualitis Management System, ИСО 9001, е создаден за да се обезбеди единствен стандард во светот за управување со квалитетот.
Земјите кои го користат пристапот на Системот за менаџирање на квалитетот и го адаптираат за Безбедност на храната (Ford Safets), широко ги вклучуваат прифатените принципи на HACCP во системот за менаџирање на квалитетот. Резултат на ова беше ISO 22000.
Со ИСО 22000 потребно е да се дизајнира и документира „Системот за менаџмент на безбедност на храната” (Food Safets Managemets System -FSMS). Стандардот содржи специфични барања кои треба да бидат разгледани од FSMS.
Секој чекор во синџирот за набавка на храна е критичен за безбедноста на производот. ISO 22000 стандардот ги разјаснува барањата и стандардите за безбедност на храната во рамките на државата следејќи го синџирот на набавка на таа храна.
Владата и потрошувачите се повеќе се свесни за прашањето за безбедноста на храната и бараат одговорност и гаранција. Стекнувањето на сертификатот ISO 22000 им дава на потрошувачите доверба за квалитетот на производот. ISO 22000 станува солидна алатка за безбедност на храната како и солидна алатка за маркетинг и за подобрување на бизнисот.
5.3 HALAL
 
Она што преставува HACCP системот за земјите на ЕУ, тоа го преставува HALAL стандардот за исламските земји. HALAL (????) е арапски поим со значење „дозволено”. Во контекст на исхраната, поимот означува храна која е „дозволива“ според исламските закони. Се смета дека 70% од муслиманите ширум светот внимаваат на овој начин на исхрана. Производителите кои го имаат знакот на HALAL во својот состав немаат ниту една состојка која на муслиманите им е забранета за употреба. Вака сертифицираните производи може да се извезуваат во исламските земји кои задолжително го бараат овој сертификат.
Во месната индустрија која има имплементирано HALAL, животните се колат со посебен ритуал. Касапот мора да припаѓа на Исламската вероисповед и во моментот кога го коли животното мора на арапски да ги изговара следниве зборови: „Во име на Бога, Бог е семоќен”. Во фармацевтската индустрија HALAL имаат производите кои во себе не содржат алкохол, како и лековите кои се спакувани во капсули кои не се произведени од свински желатин. Во однос на козметиката, кармините и останатите шминки кои имаат HALAL сертификат, во себе не содржат црвена боја од типот Е120 која се добива со сушење на одреден вид комарци. Ваквата боја не смеат да ја користат муслиманите бидејќи нивната вера не дозволува јадење инсекти. Од Министерството за здравство изјавуваат дека овој стандард не е задолжителен за Македонија. Него го воведуваат само оние фирми кои се заинтересирани за извоз на своите производи во странство, поточно во муслиманските земји. Од Исламската верска заедница изјавуваат дека во Македонија веќе има десеттина реномирани компании кои се подготвени уште веднаш да го имплементираат HALAL сертификатот, од кои дел од нив се од месната, а дел од кондиторската индустрија.
5.4 КОШЕР
Зборот „Kashrut“ доаѓа од коренот на еврејскиот збор Kaf-Shin-Reish, што значи здраво, правилно или точно. Исто така зборот „кошер“ често се користи за да ги опише ритуалните објекти кои се направени во согласност со еврејскиот закон и кои служат за вршење на ритуалот.
Иако законот за исхрана кај евреите е многу сложен, приложени се поедноставени правила:
  1. Одредени животни не смеат да се јадат воопшто. Ова ограничување ги вклучува и кожата, органите, јајцата и млекото од забранетите животни.
2. Од оние животни кои смеат да се јадат, птиците и цицачите мора да се убијат според еврејските закони.
3. Крвта мора да биде исцедена од месото и живината пред да се јаде и месото да биде доволно испечено.
4. Одредени делови од дозволените животни исто така не смеат да се јадат.
5. Овошјето и зеленчукот се дозволени, но мора да се проверат и добро да се исчистат од бубачки (кои не смеат да се јадат).
6. Месото ( тука спаѓа и кожата од цицачите и птиците) не смее да се јаде со млечни производи. Рибата, јајцата, овошјето, зеленчукот и житариците можат да се јадат и со месо и со млечни производи. (Според некои верувања рибата не смее да се јаде со месо).
7. Приборите (тука спаѓаат тенџерињата, тавите и некои други прибори за јадење) кои доаѓаат во контакт со месо, не смеат да се употребуваат со млечни производи и обратно.

 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје