ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на производители на свинско месо

Во Групацијата на производителите на свинско месо, членуваат правни лица - претпријатија кои се занимаваат со организиран начин на размножување и производство на прасиња и индивидуални производители на свинско месо:

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите на членките пред надлежните институции и органи;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов и зголемување на нивната соработка;
  • согледување на можноста за заеднички пласман на произведените количини свинско месо;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно целосно прилагодување прилагодување.

Претседател на Групацијата е Ефтим Шаклев-СВИЊАРСКА ФАРМА ШТИП, Штип

 
 


Податоци за дејноста

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО СВИЊАРСТВОТО

Во периодот 2008-2018, просекот на популацијата на свињи беше 180 илјади грла. Според статистичките податоци, бројот на свињи во Македонија укажува на намалување (особено забележително во приватниот сектор), главно заради високата цена на добиточната храна, највисоката трошковна компонента при одгледувањето. Во последната година структурата на стадата на свињи беше составена од прасиња (31.5%), товни прасиња (47.2%), маторици и назимки (15.9%), нерези (1.3%) и други (4.1%).

Претпријатијата кои се занимаваат со организиран начин на размножување и производство на прасиња (затворен круг, вештачко осеменување, и т.н.), се сопственици на околу 40% од вкупниот број на свињи во земјата, додека останатите 60% од свињите се во сопственост на индивидуалните производители (низок интензитет на размножување и селекција, со околу 1-3 маторици и стадо со вкупно 15-20 грла). Од статистиката може да се процени дека значителен број товеници на индивидуалните фарми не се заклани во регистрирани кланици, туку се продадени на приватни потрошувачи или употребени за потребите на домаќинствата.

Најчести раси се Ландрас (белгиски, дански, шведски и германски), како и големите Јоркшир и Дурок. Внесот на новиот генетски материјал е направен само со увоз на нерези, со цел да се избегне парење во сродство и да се зголеми просекот на производствените резултати.

Во периодот 2008-2018, просечното годишно производство на свинско месо е 9.37 илјади тони. Товни прасиња се колат со околу 100 кг жива мера. Проценето е дека околу 90% од домашните потреби за сурово свинско месо се покриени со домашното производство, но македонската месна индустрија за своите потреби целосно увезува замрзнато свинско месо. Главните пазари од кои се увезува свинското месо се ЕУ (62%), Бразил (11%) и Полска (4%). Увезените производи од свинско месо (шунка, колбаси и сланина) се релативно поевтини и покрај царинските трошоци за увоз.

Целта на сегашните мерки на политиката во свинската индустрија е подобрување на расната структура во македонските стада на свињи преку обезбедување поддршка на високо квалитетно вкрстување со призната генетика и контролирање на податоци за производство на високо квалитетни животни. Поддршката се намалувала во последните години.

 
 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје