Групација на производители на средства за одржување чистота во домаќинство

   

Групацијата на производители на средства за одржување чистота во домаќинствата е основана во рамките на Здружението на хемсиката индустрија со цел да ги третира специфичните проблеми на фирмите од оваа дејност.

Во Групацијата членуваат стопански субјекти до следните дејности:

 
  • производство на сапуни и детергенти, препарати за чистење и полирање
  • производство на парфеми и тоалетни препарати

Во оваа Групација членуваат 10-ина фирми кои опфаќат над 85% од производството на козмeтички производи во Република Македонија.

Претседател на Групацијата е Ацо Андрески, сопственик и директор на „Андросфарм„ - Охрид.

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Групацијата на производители на средства за одржување чистота во домаќинство


 
 


Податоци за дејноста

Производителите на средства за одржување на хигиена во домаќинствата, како дел од производството на хемикалии и хемиски производи, во изминатите години бележи воедначена динамика на производство, со мали осцилации на годишно ниво од најмногу 10%.

Најголем дел од производството е наменето за домашен пазар, но се позабележителен е и извозот на овие производи. Засега тие се извезуваат на пазарите во соседните земји, Бугарија, Србија, Косово и Албанија.

 
 

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје