1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Групација на производители на грозје и вино

Во Групацијата на производители на грозје и вино членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на вино и откуп на грозје.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Јани Ќука-СКОВИН, Скопје

 
 


Податоци за дејноста

ПРОИЗВОДСТВО НА ГРОЗЈЕ И ВИНО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Грозјето е традиционална и важна култура за Македонија. Во производствените области тоа претставува култура која го ангажира руралното население и е важна за производство на вино кое има големо извозно трговско значење. Лозарството веројатно е најважната и стратешка индустрија во областа на растителносто производство, бидејќи заедно со производството на вино придонесува со околу 17%-20% од земјоделскиот БДП. Виното е на првото место во извозот на пијалоци, и е вториот најважен производ после тутунот во однос на извозната вредност на земјоделските производи.

Во Република Македонија постојат три региони во кои се одгледува винова лоза, поделени во 16 под-региони (Виногорје). Главното производство е во Вардарската долина (централен регион-Повардарие) кое изнесува околу 83% од производството, потоа Пелагониско-Полошкиот регион (западниот регион кој опфаќа 13% од производството) и Пчињско-Осоговски регион (источниот регион кој опфаќа околу 4%). Под-регионите се карактеризираат со посебни производни услови кои ја одредуваат структурата на сортите на виновата лоза. Во последните 15 години, постои нееднакво подигање на нови лозови насади. Во Вардарската долина, бројот на лозови насади се зголемува, додека другите региони се соочуваат со намалување.

Според МЗШВ, оваа тенденција треба да продолжи во иднина, бидејќи повторно засадување на винови насади и нови насади (главно од малостопанственички сектор) се недоволни за да го надополнат искоренувањето на старите. За време на периодот 2000-2007, беа обработувани во просек 25.9 илјади ха, од кои 70% (околу 17.9 илјади ха) беа за производство на вино, и 30% за трпезно грозје и суво грозје (околу 8 илјади ха). Во 2018 површината изнесува 20.033 или намалување за 34%.

Просечно годишно производство во предметниот период е околу 253,000 тони (од кое околу 65,000 тони или 28% е трпезно грозје) што е на исто ниво како и 2006 година. Просечните приноси во периодот кој се разгледува се 8.9 тони/ха, и во последните три години тие покажуваат растечки тренд главно како резултат на поволните климатски услови. Во изминатите години приватните производители беа доминантни производители на грозје со просечен удел во вкупното производство од 79%, додека производството на земјоделските претпријатија изнесуваше 21%

Поради поволната клима, македонското трпезно грозје е со доминантен квалитет и значителен извозен потенцијал со можно зголемување на сегашниот странски прилив. Асортиманот на сортите на трпезно грозје вклучува неколку класи од многу рани, до многу доцни сорти на трпезно грозје. Како резултат на поволните климатски услови, во некои региони каде се одгледува винова лоза, сортите на трпезно грозје имаат споредбена предност над винските сорти, но тие се недоволно застапени на поволните региони на кои се одгледува винова лоза. Постои недостаток на центри за класирање и пакување на трпезното грозје, и на ладилници (за продолжување на неговата трајност после периодот на берба). Голем дел од производството на трпезно грозје е наменето за домашниот пазар, а извозот на регионалните пазари (по неповолни цени) е ограничен. Поради проблемите кои постојат на пазарот на трпезно грозје и зголемениот интерес за извоз на вино, количината на трпезно грозје која се преработува во вино и вински нус производи е непозната.

Белото винско грозје преовладува во Република Македонија (главно од сортата Смедеревка, со околу 60% и нема голема побарувачка за него на пазарот). Црвеното грозје од сортата Вранец е присутно со приближно 20% на лозови насади. Македонските лозови насади веќе долг период страдале поради ниски инвестиции, кои резултираат со неповолна старосна структура. Над 60% од виновите насади се постари од 15 години, што е оптимална старост на лозовите насади. Од нив, околу 38% се на крајот на својот продуктивен циклус (>20 години) и треба да се искорнат/пресадат, за што се потребни значителни финансиски инвестиции. Во земјите-членки на ЕУ во кои се произведува вино, ваквите активности се одржуваат технички и економски преку ад хоц субвенции. Постоечкиот широк опсег на оддалеченост помеѓу редовите и во редовите ги попречуваат механизираните операции кои се ограничени на обработка на почвата и заштита на виновата лоза (и недоволно за ампело-технички мерки, берба, подигање на нови лозови насади, и т.н.). Тракторите и опремата претежно се технички и економски застарени. Наводнувањето во најголем број случаи не постои, придонесувајќи на тој начин кон варирање на висината на приносот. Со напредокот на развојот на виновите насади на несистематски начин (биолошките карактеристики на сортите и микроклимата не беа земени предвид), висок процент на винови насади се лоцирани во т.н зони подложни на мразеви каде често се појавува замрзнување на пупките.

Производителите на грозје се соочуваат со неколку проблеми поврзани со управувањето. Производителите на грозје не можат да добијат кредит, или да влијаат на набавката на суровини (на тој начин е намалена употребата на агро-хемиски средства), применувањето на контролата на цените на грозјето, и осигурување навремени исплати за нивните испораки, особено од страна на поголемите преработувачки капацитети. Продажбата на грозје на винарските визби генерално не е регулирана со посебно договорени предуслови или кооперативни договори (краткорочни или долгорочни) и затоа преовладува ривалство (конкуренција кај винарските визби) и нелојална конкуренција (кај одгледувачите на грозје)

ВИНО

Република Македонија е позната како , сончева, планинска земја во срцето на Балканот, но, и како производител на најдобро грозје и најдобрите вина во регионот.

Вкусот на македонското вино е препознатлив по интензивните ароми, кои се резултат , од комбинираното влијание на средоземната и континенталната клима, со топли сончеви денови и посвежи ноќи.

Енолошката историја на земјата е долга илјадници години, а Македонските винари ги спојуваат природни предности на регионот, со современата технологија

ЛОЗАРО-ВИНАРСТВО

На површина од околу 20.000 ха под винова лоза, во 2018 година беа произведени околу 253.000 тони грозје од кое околу 30.000 тони трпезно, а 200.000-220.000 тони винско грозје во кое кај црвените најзастапени се Мерло, Каберне совињон, Бургундец, Црн, Станушина Прокупец и Кадарка, а кај белите сорти: шардоне, Совињон, Рајнски ризлинг, Смедеревка, Ркацители и др.

Производството на вино во 17 регистрирани современи винарки визби со вкупен капацитет од 2.200.000 – 2.600.000 хл вино годишно се движи од 1.100.000-1.200.000 хл, а во седум визби инсталирани се линии за конфекционирење на виното со капацитет од 735 000 хл.

Во капацитетите за конфекционирање на јаки алкохолни пијалоци 180.000 хл се произведуваат 130.620 хл ракија, а расположиви се капацитети за дестилација 52 500 хл, и линии за гроздов концентрат од 3000 тони годишно.

ВИНСКА КАРТА

Квалитетните сорти на вино со заштитено географско потекло го обезбедија својот пласман во над 30 земји во светот но главно на пазарите во земјите од ЕУ, Во последниве години извозот достигна ниво од околу 850-900.000 хл од што приближно 50% е за пазарот на Европската Унија.

Значајно место во производството на пијалоци имаат производителите на пиво со производство на околу 670 000 хл годишно. освежителни безалкохолни пијалоци од околу 1.180.000 хл, минерална вода 418 000 хл, производство на природни овошни сокови од над 30.000 хл.

 
 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје