ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на оранжериско и пластеничко производство

Во Групацијата за оранжериско - пластеничкото производство членуваат правни лица, чија основна дејност е преработка на овошје и зеленчук.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи и институции;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заеднички набавки на суровини и репроматеријали како и заеднички пласман на производите во странство;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Бранко Балтовски-АГРОХЕМИЈА, Скопје

             

 

 

 

               

 

                 

 

 

 

 

  

 

 

 

 

 

 

 



Податоци за дејноста

АКТУЕЛНИ  ПРОБЛЕМИ ВО ОРАНЖЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО


Оранжериско - пластеничкото производство

Вкупната земјоделска површина на Република Македонија изнесува 1.316.335 ха, од кои 576.618 обработлива земјоделска површина.

 Од вкупно обработливата површина 479.673 ха се под ораници и бавчи, 16.301 овоштарници, 27.734 ха под лозја и 53.000 ха под ливади

 Вкупната површина под оранжериско производство по региони во Република Македонија е следна:

 

Вкупно обработлива површина

Категорија на земјиште

ораници и бавчи

овоштарници

лозја

ливади

Богданци

4700

3600

68

929

132

Валандово

6500

5000

97

1530

85

Гевгелија-

регионот

9600

7000

250

1400

1000

Струмица-регионот

28.500

25.500

430

1450

1160

Јегуновце

3084

2575

87

10

412

Џепчиште

953

729

33

-

191

Вкупно

53 368

44 404

965

5.319

2.980

 

Производството на раноградинарски култури има значајно влијание во доменот на извозот (оранжериите  практично имаат изразит нето девизен ефект,) што е секако придонес во подобрување на состојбата во трговскиот биланс на земјата (извоз 20 милиони ЕУР) при што повеќе од 75% од вкупното производство на оранжериите  се извезува. Покрај постоечките проблеми  со енергенсите, пред се мазутот кој  во  периодот  јануари 2009-мај 2015 година поскапе за 189,33  проценти, не опфаќањето на оранжериите со Програмата за руралниот развој од страна на Владата, минималното зголемување на средствата наменети за оранжериите од 20.000 денари по 1 Ха. (80.000 денари за минатата година-100.000 денари по 1 Ха за тековнава година) согласно Програмата за подршка на земјоделитето за 2009/2018 година, истите се соочуваат и со нерешениот статус на земјиштето на оранжериите и самите оранжерии што дополнително го отежнува нивното работење во крајно неповолни услови како и нелојална конкуренција на пазарот.


Производителите на раноградинарски култури (оранжериите) веќе неколку години апелираат до владата и ресорнотоминистерство за проблемот со нерешеното прашање на земјиштето на оранжериите, статусот на земјиштето на оранжериите, како и самите оранжерии сеуште од надлежните органи и институции не се решава и покрај презентираната валидната  документација издадена од надлежни органи за изградба на истите (урбанистички согласности, одобренија за градба, градежни дозволки и слично). Претставниците на оваа групација потенцираат   дека нерешениот статус на земјиштето претставува голем проблем на оранжериите (не можност да се аплицира за кредит кај банките зашто со нерешено прашање не може да се дадат истите под хипотека). Тие  предлагаат меѓуресорски состанок (Министерство за земјоделство, Министерство за транспорт и Врски, Агенцијата за катастар на недвижности и Министерство за економија) на кој би се дефинирал статусот на земјиштето на оранжерии (стакленици).

 
 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје

Вангел Коџоман
Старо Скопје, 1953
масло на картон (42х60)