ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Регионални комори при Комората
   
Регионална комора со седиште во Велес

 

 

Регионалната комора со седиште во Велес се организира за членовите на Комората од општините: Велес, Чашка, Градско и Росоман, .


За Регионалната Комора со седиште во Велес:

Со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, од Март 2015 година започна со работа Регионалната канцеларија со седиште во Велес.

Претседател на Регионалната комора со седиште во Велес е Георги Чадиев од „УНИСТАР ТРЕЈД“ Велес.

Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините.

Регионалната комора во Велес е задолжена за следниве активности:

- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

Одлука за утврдување на регионални комори во рамките на Стопанската комора на Македонија 

   Архива 2010-2014

Контакт лице: Јадранка Аризанковска
Телефон: ++ 389 2 3244038, M. 072 236 711
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Jadranka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Регионална комора со седиште во Велес,