Регионална комора со седиште во Кавадарци

   

 

Регионалната комора со седиште во Кавадарци се организира за членовите на Комората од општините: Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.

Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините.

Регионалната комора во Кавадарци е задолжена за следниве активности:
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
 - да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
 - да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

Претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци е Никола Наумов од ,, Градба Промет,, Кавадарци 

П Р А В И Л А
за организацијата и начинот на работа
на Регионалната комора со седиште во Кавадарци

Контакт лице: Тања Мицева
Телефон: ++ 389 43 415044
Факс: ++ 389 43 415044
Е-адреса: Tanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Регионална комора со седиште во Кавадарци, Илинденска 11, Kавадарци