1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Регионални комори при Комората
   
Регионална комора со седиште во Прилеп

Регионалната комора Прилеп

Регионалната комора Прилеп е една меѓу шестнаесетте регионални комори, која работи во составот на Стопанската комора на Македонија. Основана е во 1996 година и е наследник на Територијалниот одбор на Стопанската комора на Македонија, формиран во 1992 година за регионот.

Регионалната комора Прилеп е облик на територијално организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку чие функционирање се обезбедува децентрализација на коморските задачи и активности и самостојно одлучување на членовите на Комората за работите и задачите од особено значење за регионот кој ги опфаќа општините: Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани.

Основните цели и задачи на Регионалната комора се:

  • разгледува прашања во врска со унапредувањето на производството, прометот и стопанските услуги и со тековните проблеми на стопанството за регионот за кој е организирана;
  • го реализира децентрализирањето на коморските задачи и активности во рамките на регионот;
  • разгледува предлози и иницира донесување на акти од надлежност на органите на Комората;
  • разгледува прашања и иницира предлози за развој на претприемништвото во регионот;
  • активно придонесува при утврдувањето на развојните и структурните приоритети на регионот, особено во конципирање ставови и предлози за стопанисување со просторот, екологијата, развојот на стопанската инфраструктура (локални патишта, енергетика, комунални работи, транспорт и сл);
  • иницира постапки за донесување на прописи и мерки од областа на стопанството, од интерес за стопанството во регионот за кој е организирана или за стопанството во земјата;
  • врши деловно-стручни и други услуги од сферата на инфраструктурата што е од интерес на стопанството во регионот;
  • иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес со членовите на Комората од соседните региони или со регионални комори од другите земји, во согласност со програмските активности и општите акти на Комората;
  • ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси меѓу членовите на Комората во регионот;
  • врши други работи од интерес на членовите, во рамките на надлежностите на Комората

Контакт адреса:  
Регионална комора Прилеп
бул.Гоце Делчев 47-а
Прилеп

 Контакт лице: Горан Попоски
 Тел: (048) 415 536  Факс:(048)  415 536
 Call Центар : (02) 15015
 E-адреса: goran@mchamber.mk

Контакт лице: Горан Попоски
Телефон: ++ 389 48 415536, M. 070 607 962
Факс: ++ 389 48 415536
Е-адреса: regiopr@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Регионална комора со седиште во Прилеп, бул. „Гоце Делчев“ 47-а, 4700 Прилеп