ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Регионални комори при Комората
   
Регионална комора со седиште во Охрид

Општи информации за Регионалната комора со седиште во Охрид

Со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, од Декември 2011 година започна со работа Регионалната канцеларија со седиште во Охрид.

Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините Охрид, Струга и Дебрца на само чекор од нив. Регионалната комора во Охрид е согласно Правилникот за работа задолжена е за следниве активности:

- Издавање на сертификати за потекло на стоката Certificate of Origin и Сертификат за преференцијален третман Form A;
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници исл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
  - да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржатво организација на Стопанската комора на Македонија;
 - да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките наКомората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- во соработка со општина Охрид реализација на конкретните активности согласноцелите на Проектот Регионален Инфо-пулт  за поддршка на бизнисот воопштина Охрид, со цел зајакнување на малите и средни претпријатија, согласноцелите на проектот;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи одинтерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето,обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите застопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување назаконски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
 - да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено вофункција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

На Седницата одржана на 13.02.2015 година во Охрид, на која присуствуваа членките на Регионалната комора со седиште во Охрид, за претседател беше избрана Наташа Јовческа, како претставник од компанијата „ЛТХ Леарница“ од Охрид. Номинацијата на г-ѓа Јовческа беше поддржана од сите присутни претставници на седницата. Согласно Правилата за организација и начинот на работа на Регионалната комора, како заменици на претседателот избрани се Тони Коталески, директор на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, и Марија Филева Стоев, сопственик на „БВЦ“ дооел Охрид. Со поддршката на членките и раководството, Регионалната комора со седиште во Охрид на регионално ниво ги интензивира активностите кои се од интерес на копманиите со цел подобрување на бизнис климата во регионот. 

Контакт лице: Јадранка Аризанковска
Телефон: ++ 389 2 3244038, M. 072 236 711
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Jadranka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Регионална комора со седиште во Охрид,