Асоцијација на осигурително-брокерски друштва

Целта на осигурително-брокерската дејност е да се претстават потребите и барањата на клиентите (правни и физички лица) и да се понуди целосна и сеопфатна услуга во изнаоѓање најдобри решенија за потребите од осигурување на клиентите, а сето тоа со една финална цел – квалитетно осигурително покритие и најбрзо ефикасно реализирање на отштетните побарувања.

Осигурително-брокерските друштва преку своето дејствување, како претставници на клиентите и воедно како посредници меѓу осигурениците и осигурителните компании, можат да придонесат многу за развојот на самата осигурителна дејност, пред с?, преку согледување на реалните потреби на осигурениците и нивно обезбедување преку соодветните понуди на осигурителните компании.

Со донесувањето на Законот за супервизија на осигурувањето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2002), се создадоа услови за основање на осигурително-брокерски друштва како друштва за посредување во осигурувањето.

Со цел унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми, осигурително-брокерските друштва на 06.07.2011 година формираа Асоцијација на осигурително-брокерски друштва како форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата може да членуваат сите осигурително-брокерски друштва.

Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва е неминовно потребна заради усогласување на интересите во рамките на дејноста, како и потребата да учествува и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите на Асоцијацијата и да покренува иницијативи за донесување на закони и за измена и дополнување на истите, да иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите со други асоцијации и здруженија во рамките на Комората, како и да остварува меѓународна соработка.

 Асоцијацијата своите активности ги насочува кон унапредување на бизнис-климата во земјата и поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, како и други активности од дејноста се` со цел за остварување на подобри резултати и за заштита на клиентите во работењето.

Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје