ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Асоцијации при Комората
   

Формирана Асоцијација на друштва за управување со приватни пензиски фондови на РМ во рамките на Стопанска комора на Македонија

Приватните пензиски друштва имаат единствена дејност за управување со Отворени задолжителени пензиски фондови и Отворени доброволни пензиски фондови и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.

Задолжителните пензиски фондови се отворени инвестициски фондови основани и управувани согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и одобрението за управување со пензиски фонд кое се издава од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.   

Доброволните пензиски фондови се отворени инвестициски фондови кои се основани и управувани согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и одобрението за управување со доброволен пензиски фонд издадено од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.

Обемот на работа на приватните пензиски фондови е во постојан раст. Резултатите од досегашниот период на функционирање на вториот и третиот пензиски столб покажуваат успех и раст на фондовите и во смисла на број на членови и во смисла на средства со кои што управуваат.

Со цел унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми, на друштвата за управување со приватни пензиски фондови на 27.11.2012 година формираа Асоцијација на друштва за управување со приватни пензиски фондови на РМ како форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата ќе членуваат двете друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, кои се вклучени во вториот и третиот столб на пензиско осигурување.