Здружение на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел

Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел ги опфаќа стопанските субјекти од областа на преработката на дрво-пиланите, производителите на дрвена амбалажа, режана грага, дрвени елементи и производителите на мебел во РМ.

Во Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел при Комората членуваат околу 50 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија, од сите гореспоменати дејности.

Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел на конститутивната седница, февруари 2015 година, за претседател на Здружението го избра Љубе Неделковски, Леснина МИ-Скопје и заменик претседател Љупчо Парулески директор "Eла-Мак" - Охрид.

За претставници од Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатен период 2015-2020 година се избраа:

       1. Тони Златески, “93 ДЕ-НИ-Компани” - Прилеп
       2. Тоде Наков, “УНИКА ДИЗАЈН” - Скопје

Правила за организацијата и начинот на работење на Здружението