ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Здруженија при Комората
   
Здружение на индустријата на хартија и целулоза графичката индустрија и издавачката дејност

Здружението на индустрија на хартија и целулоза, графичка индустрија и издавачка дејност  ги опфаќа фирмите од дејностите:

 
  • производство на целулоза, хартија и производи од хартија,
  • издавачка дејност, печатење и снимање и репродукција на снимени медиуми.

Околу 50 фирми, репрезенти во овие дејности се активни членки на Здружението на индустријата на хартија и целулоза, графичка индустрија и издавачка дејност.

Оваа индустрија во Република Македонија забележува тренд на пораст и истата може да ги произведе речиси сите видови графички производи и производи од хартија.

Голем број од фирмите се повеќе се ориентираат кон производство на амбалажа, со што се потенцира врската на оваа индустрија со речиси сите преработувачки индустриски гранки.

На Конститутивната седница  на Здружението, февруари 2015 година, се избра претседател на Здружението, г-ѓа Олгица Кржевска, Дуропак  АД -Скопје и заменик претседател г-дин Ванчо Каранфилов, Табернакул - Скопје.

За претставници од Здружението на индустријата на хартија и целулоза, графичката индустрија и издавачката дејност во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатен период 2015-2020 година се избираа:

       1. Драги Милошевски, “КИРО ДАНДАРО” - Битола
       2. Влатко Димитровски, “ЕВРОПА 92” - Кочани

Правила за организацијата и начинот на работа на Здржрнието

Одлука за изменување и дополнување на Правилата


Податоци за дејноста

Индустријата на хартија и целулоза, како и графичката индустрија и издавачката дејност во Република Македонија достигнаа висок степен на развој кој се огледа во можноста за квалитетно производство на сите видови хартиени и графички производи. Во последно време се поголем развој забележува производството на амбалажа.

Производството во најголем дел е насочено за потребите на домашниот пазар, извозот на хартија и изработки од хартија во  години наназад бележи опаѓање, но Република Македонија и натаму е увозно зависна,  во делот на суровината  увозот на целулоза и отпадоци од хартија.

Во последните неколку години забeлежителен е интересот на странски компании за вложување на индустријата на како и во графичката дејност, со што се забрзува процесот на осовременување на овие преработувачки дејности.

Неколкугодишниот динамичен развој на оваа дејност  создава поволен амбиент за вложување во производство на печатарска хартија, која што се уште не се произведува во Република Македонија. Можност за инвестирање  во функција  на зголемување на извозот постои и кај графичката дејност во делот на осовременување и воведување  нови   технологии.

Влијанијата на пазарот, конкуренцијата која е силна и сe поглобална како и построгите регулативни услови го отежнуваат остварувањето профит во производството на хартија со што компаниите се под најголем притисок досега да се фокусираат на ефикасност на производните процесите како и на сите други фактори што влијаат врз продуктивноста и профитабилноста.

Здружението на индустрија на хартија и целулоза, графичка индустрија и издавачка дејност ги опфаќа фирмите од дејностите:

• производство на целулоза, хартија и производи од хартија
• издавачка дејност, печатење и снимање и репродукција на снимени медиуми

Оваа индустрија во Република Македонија забележува тренд на пораст и истата може да ги произведе речиси сите видови графички производи и производи од хартија. Голем број од фирмите се повеќе се ориентираат кон производство на амбалажа, со што се потенцира врската на оваа индустрија со речиси сите преработувачки индустриски гранки.

Своите цели и задачи Здружението на индустријата на хартија и целулоза, графичката индустрија и издавачката дејност ги остварува преку голем број на  активности меѓу кои позначајни се издвојуваат:

• пратење и анализа на состојбата на индустријата за хартија и целулоза, графичката индустрија и издавачката дејност
• соработка, презентирање и застапување на интересите на членовите пред надлежните државни органи и институции;
• учество и активности во донесување на законската регулатива и нормативната дејност од соодветната област
• стручни совети и помош во барањето на стратешки партнери на домашните претпријатија;
• промовирање и координативен настап на домашните претпријатија на саеми во земјата и странство.


Во однос на структурата на стопанските субјекти, печатарската дејност ја чинат над 90% мали фирми, само 10-ина % се средни фирми, што укажува на нивната флексибилност и прилагодливост на пазарните промени.

Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика,  индустријата за производство на хартија, целулоза и производи од хартија во 2016 година учествува во БДП на Република Македонија со 0,16%, додека БДП во графичката индустрија и издавачката дејност во наведената година  во однос на вкупниот БДП на Република Македонија учествува со 0,15%.
         
Производството на хартија, целулоза и производи од хартија во вкупното индустриско производство учествува со 1,12%, додека графичката и издавачката дејност со 3,12%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2016 година изнесува 71 519.

Во индустријата на хартија и целулоза, графичката индустрија и издавачката дејност во 2016 година бројот на вработени изнесувал 3.861, односно 0,7% од вкупниот број на вработени во државата, што е намалување од 1% во споредба со 2015 година кога тој број изнесувал 3.895 вработени. 

Производството на хартија, целулоза и производи од хартија во 2016 година бележи опаѓање за 9% во однос на претходната година, додека во графичката индустрија и издавачката дејност, во 2015 година е забележан пад од 8.6%.

Производството во најголем дел е насочено за потребите на домашниот пазар. Кај индустријата за хартија, целулоза и производи од хартија, извозот за 4 месеци од 2018 година година изнесува 6.942 илјади тони, а увозот за првите четири месеци од 2018 е 32.509 илјади тони. Извозот во САД долари е 5.993.201, а додека увозот  за истиот период изнесува 43.281.398 САД долари што укажува на фактот дека Македонија и натаму е увозно зависна, во делот на суровината увозот на целулоза и отпадоци од хартија.      

Во индустријата за хартија, целулоза и производи од хартија, просечната исплатена месечна нето-плата за 3 месеци од 2018 година изнесувала 20.197 денари, додека кај графичката индустрија и издавачката дејност изнесувала 20.452 денари.

Индекси на индустриско производство   (април 2018/2017)
Индустријата за хартија, целулоза и производи од хартија материјал    92.2
Графичката индустрија и издавачката дејност    102.3

Индустриското производство кај индустријата за хартија, целулоза и производи од хартија за 4 месеци од 2018 година, во споредба со истиот период лани e намалено за 7,8%, додека кај графичката индустрија и издавачката дејност имаме зголемување на индустриското производство за 2.3%. Kaj индустријата на хартија и целулоза, графичката индустрија и издавачката дејност  има недостаток на работна сила и недостаток од лица за одржување на машинскиот потенцијал во компаниите, што создава големи проблеми во тековното работење кај компаниите од овие индустриски гранки.

Како еден од проблемите во овие индустрии е ликвидноста на самите компании, што повлекува понатамошни проблеми во нивното работење.

Деловното окружување обезбедува мал избор на инструменти за финансирање, со релативно скапи извори на користење. Во надворешните извори на финансирање банкарскиот кредит е основен. Меѓутоа, овој извор е тешко достапен за повеќето компании од овие индустриски гранки.

Контакт лице: Валентина Цветковска
Телефон: ++ 389 2 3244063
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: valentina@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје

В. Влаховиќ
Св.Стефан, 1997
масло на платно (54х74)