Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите

   

градежништвото

          

Во Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите членуваат фирми кои се занимаваат со проектирање и градење на сите категории објекти од нискоградбата, вискоградбата и хидроградабата, инсталатерски и завршни работи во градежништвото, потоа истражување, експлоатација и преработка на минерални суровини како што се: лапорец, гипс, цигларска глина, песок, чакал, архитектонско-украсен камен, феласпад, бентонит, кварц и кварцити, опализиран туф, огноотпорни глини и други.

           Заради специфичноста на работење и интересите на членките во Здружението, формирани се следните групации:

 

 

  • Групација за градежништво
  • Групација за градежни материјали
  • Групација на агенции за недвижности
  • Групација за агрегати, бетони и асфалти
  • Групација за сува градба

        За преставници од Здружението на градежништвто,индустриајта на грaдежни материјали и неметелите во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020 - 2025, се избрани следните членови:

 

1. Зоран Милковски, ГД„Гранит“АД - Скопје;
2. Горан Мауровски, ДГ „Бетон“ АД - Скопје;
3. Михо Јаневски, Градежен институт „Македонија“ АД - Скопје;
4. Никола Пандев, „Жикол ДООЕЛ“ - Струмица;
5. Дарко Николоски, „Мермерен комбинат АД“ - Прилеп; и
6. Владимир Златковски, „Винербергер ДООЕЛ“ - Виница.

 

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите


Податоци за дејноста

Здружението на градежништвото претставува стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија кој ги претставува интересите на правните субјекти од дејностите градежништво, просторно планирање, урбанизам и проектирање, завршни работи во градежништвото, индустријата на градежни материјали експлоатација и преработка на неметални суровини.

Учеството на додадената вредност на градежништвото во структурата на бруто домашниот производ во последните десетина години се движи од 5% до 7 %.

Во градежништвото, во 2019 година, се активни 5.270 компании, што претставува 6,9 % од вкупниот број на активни деловни субјекти во РС Македонија. Бројот на вработените во градежништвото изнесува 56.036 лица, што претставува околу 7 % од вкупниот број на вработени на ниво на државата. 

Градежните претпријатија проектираат и градат разни видови на објекти од нискоградбата (автопатишта, мотиви, цивилни и воени аеродроми), од високоградбата (станбени, индустриски и јавни објекти) и од  хидроградбата (брани, тунели, системи за наводнување, системи за водоснабдување, системи за канализација со пречистителни станици и др.).

Опремата, механизацијата и танспортните средства со која располагаат градежните претпријатија најчесто се од марките MAN, Magirus, Raba, FAP, Kraz, Marini, Rubber, Komatsu, Catepillar и други, со што успешно и квалитетно се изведуваат сите видови објекти.

Градежните претпријатија имаат стекнато високи референци во проектирањето и изведувањето инвестициони работи во земјите на Блискиот Исток, Русија, Украина, Албанија, Бугарија, Германија, Чешка, Србија и Црна Гора и други земји.

Производството на градежни материјали се темели врз богатите домашни ресурси на неметалните минерални суровини како што се: лапорец, гипс, цигларска глина, песок, чакал, архитектонско-украсен камен (мермер, травертин, гранити, оникс и други). Кај производството на градежни материјали, како најголеми капацитети можат да се издвојат: цементни производи, гипс,  гипс-картонски плочи суров гипс, суви малтери, глинени производи (полни цигли, сите видови на шупли блокови, керамиди и сл.), битуменски изолациони материјали (битуменски маси и емулзии и битуменски ленти).

Неметалните минерални суровини со кои располага РС Македонија претставуваат суровинска база за производство на неметални производи, како што се фелспатод, бентонитот, талк, опализиран туф, кварц, кварцити и огноотпорни глини и друго, кои се користат како полнители или рецептурни суровини кај производството на повеќе индустриски гранки.

 

Анализа на состојбите во градежништвото I-VI 2018/ I-VI 2017

Анализа на состојбите во градежништвото 2017 / 2016, 1К 2018 / 1К 2017

Анализа на состојбите во градежништвото 2005 -2016 година

Основни карактеристики на градежништвотото во 2015 година

Градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали низ бројки 2013 година

Градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали низ бројки до 2012 година

Градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали низ бројки

Анализа за станбената изградба во РС Македонија

Контакт лице: М-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје