Здружение на метална и електроиндустрија

   

Во Здружението на металната и електроиндустријата членуваат околу 120 фирми репрезенти од дејностите :

 
  • производство на метални производи во металопреработувачката фаза, освен машини и уреди;
  • производство на машини и уреди, неспомнати на друго место;
  • производство на канцелариски и сметачки машини;
  • производство на електрични машини и апарати, неспомнати на друго место;
  • производство на радио, телевизиска и комуникациона опрема и апарати;
  • производство на прецизни медицински и оптички инструменти и часовници;
  • производство на моторни возила, приколки и полуприколки;
  • производство на други сообраќајни средства.

Основни цели и задачи во работењето на на Здружението се:

 
  • разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  • ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајѓи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  • усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  • разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
  • иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
  • работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
  • ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.

Здружението на металната и лектроиндустријата има Управен одбор од 15 членови чиј мандат е пет години.

Претседател на УО на Здружението е г-дин Аце Антевски, "Раде Кончар - сервис" - Скопје, а заменик претседател е Ристо Китев од Мепос оператива од Кавадарци.

Здружението работи согласно Правила за организација и начин на работа на Здружението на металната и електроиндустријата

Согласно потребата за третирање на одделни специфики во дејностите од металната и електроиндустријата, во рамките на Здружението формирани се:  Групација за лифтови, Групација на производители на заштитни врати, Групација на противпожарна заштита, Групација за здравје и безбедност при работа.


Податоци за дејноста

Компаниите од металната и електроиндустријата се од посебно значење за развојот на земјата бидејки нивните производи имаат карактер на трајни потрошни добра и се од инвестиционо значење, а дел од производството е наменето за широката потрошувачка.

smallpartassemblyrefВо металната и електроиндустријата застапени се гранки од дејностите, производство на метални производи вометалопреработувачката фаза, производство на машини иуреди, производство на електрични машини и апарати, производство намоторни возила приколки и полуприколки и ипроизводство на други сообраќајни средства и опрема затранспорт.

За развојот на металната и електроиндустријата постојат неколку стратешки документи како што се Индустриска политика на Република Македонија 2009-2020 година и Национална стратегија за мали и средни претпријатија ( 2018-2023).

Моментално во металната и електроиндустријата инсталирани се повеќе капацитети за преработка на производи со повисокс фаза на обработка односно повисок степен на финализација, како што се машини и апарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, електроника за автомобилската, авионската индустрија, специјални алатни машини-роботи,  челични конструкции, мостови и нивни делови, процесна нестандардна опрема за енергетски објекти, металургија, хемиска индустрија, прехранбена индустрија и друга индустрија, производи за градежништвото,жичани производи,  апарати на цврсти горива и камини,  апаратиза домаќиндството, за хотели и ресторани, медицинска опрема и помагала, енергетска опрема (разни видовина трансформатори, енергетски кабли, колектори за соларна енергија, контактори и релеи),  делови за моторни и шинскивозила, стартероловни акумулатори,  електроника и деловиза автомобилскатаиндустрија, автобуси и комунални возила и друго.

Во фазата на преструктуирањепреку процесите на приватизација, како и при странски вложувања преку Greenfield инвестиции во изминатиот период остварени се значајни странски вложувањаво кои имаат значително влијание во зголемување на производството и преструктуирање на трговската размена со странство.

Долгогодишните вложувања во домашните компании и новите странски инвестиции во овие гранки овозможија дапродолжат позитивните трендови во делот на производствотo и размената со странство. Така, овој сектор го зголеми учеството во бруто домашниот производ на 4,3% во кое нај големо учество има производството на моторни возила и производството на машини и уреди. Учеството во структурата на физичкиотобем на индустриското производство за 2018 година е зголемен на 28,76%, а најголемо учество има производството на машини и уреди од 12,9%.

За 2018 година физичкот обем во на производството на фабрикувани метални производи е зголемено во одно на од 2017 година за 5,5%, во проиаводството на електрична опрема од 10,4%, во производството на машини и уреди за 15,9%, во производството на мототни возила за 26,2% и во производството на останата опрема за транспорт за 3,4%.

Во  2018 година остварен е извоз од 2.307.992.987 САД долари кои во однос на истиот период од 2017 година белези зголемување од  76,4% а во вкупниот извоз на земјата учеството е зголемен од 33,4%

Најзастапени производи во извозот од овој комплекс се производите од производството на моторни возила во вредност од 943.954.950 САД долари, машини, опрема и уреди неспомнати на друго место од 792.607.690 САД долари и производство на елекро опрема од 429095.726 САД долари. Од овие гранки најзастапени се производите на машини и апарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, системи на проводници за палења на возила, авиони и бродови и моторни возила за превоз на лица-автобуси. На увозната страна најзастапени производи се моторни возила и нивни делови, машини и опрема за индустријата.

Над 85% од производството во земата се пласира во земјите на ЕУ, поранешните ЈУ-републики,Југоисточна Европа идруги земји, а останатиот дел на домашниот пазар.

Пазарите на Европската унија немаат големи бариери за македонските производи од металната и електроиндустријата, но, како  главна пречка што оневозможуваат некои производи од металната и електроиндустријата да влезат на пазарите на ЕУ преставува се уште недоволното ведување на потребните стандарди за безбедност кои се бараат за секој производ. За подобрување на состојбите и остварување на поголемо производство и извоз потребна е погплема подршка за формирање на овластени и акредитирани лаборатории и тела за оценка на сообразноста од областа на техниката согласно Законот за безбедност на производите кои ќе бидат акредитирани и признати од ЕУ и дополнителна поддршка и поволни кредити од деловните банки, во континуитет за константно инвестирање во знаење, во современа опрема и во развојот на компаните кои се извозно ориентирани.

Во наредниот период потребно е воведување на производство  на комплетни готови производи со повисока фаза на обработка кои треба да бидат конкурентни на  пазарите со прифатливи цени и рокови.

Неопходна е поголема комуникација и соработка со компаниите од металната и електроиндустријата од индустриските слободни економски зони  и фирми од ЕУ, со цел најбрзо да се дојде до информации за фирмите и производите од оваа област, а во насока на вклучување на нашите производители како подизведувачи на одредени склопови и подсклопови за потребите на тие компании.  

Посебно значење овој комплекс обрнува внимание и на недостатокот на недоволен средно стручен и високо стручен када кои би одговарале на странските и домашните компании.

За надминување на проблемот со недостаток на квалификувана работна сила и обезбеди на нормално работење на компаниите, потребно е во иднина да се третираат нај младите лица преку едукативни и информативни сесии со цел да се привлечат да се запишуваат во средните училишта кои ги нудат овој тип на образованија, во спротивно проблемите со кои се соочуваат фирмите денес, во иднина би биле неспоредливо поголеми.

Број на активни субјекти според податоци од Бизнис мрежа од Централен регистар во овие дејности се 1264 стопански субјекти

Контакт лице: Перо Авакумовски
Телефон: ++ 389 2 3244048
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: pero@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје