Здружение на земјоделството и прехранбената индустрија

Во Македонија земјоделството, заедно со прехранбената индустрија вработува 10% од вкупно вработените кај правните лица, а во вкупниот БДП учествува со 18% , од кое само земјоделството и рибарството со 12% , со 6% прехранбената индустрија. Со производство и преработка на храна во Македонија се занимаваат 7100 претпријатија.

Членките на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија, согласно својата поконкретна дејност и интереси, во рамките на нивната кровна асоцијација -Здружението, организирани се во посебни организациони форми -групации кои ги застапуват интересите од гранката на која и припаѓаат , меѓу кои:

 
  • даваат предлози и ги застапуваат интересите на членките од својата дејност при донесувањето на мерките на економската политика од страна на државните органи,
  • учествуваат во изработката на законодавната регулатива во земјоделството и прехранбената индустрија преку давање на мислење, предлози за нивно изменување или дополнување во процесот на нивното донесување,
  • иницираат и предлагаат одредени системски мерки и законски решенија во функција на унапредување на условите за производство на храна,
  • организирано заеднички настапуваат на одделни саеми, бизнис форуми и други пропагандни активности во земјата и странство,
  • меѓусебно се помагаат во одделни практични зафати ( заеднички извоз, заедничка набавка на одделна суровина од увоз и др) во интерес на унапредување на производството и пласманот на домашниот и странскиот пазар

 

Престедател на Здружението е Ѓорѓи Петрушев-"Млекара Битола АД"-Битола

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
●   Веле Ристевски ЕДИНСТВО, Тетово
●   Влатко Ѓорѓиевски МИК СВЕТИ НИКОЛЕ, Свети Николе
●   Ирена Брцкова ПИ КРИСТАЛ 1923 (БЛАГОЈ ЃОРЕВ), Велес
●   Коста Ташков БРИЛИЈАНТ, Штип
●   Николчо Горгиев МАК МЛИН, Чешиново Облешево
●   Ристо Јосифовски ВИВАКС, Скопје


Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје