ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Здруженија при Комората
   
Здружение на сообраќајот

Здружение на сообраќајот

Тргнувајќи од карактерот на дејностите што ги опфаќа и од спецификите на секоја поединечна дејност, Здружението на сообраќаотј е од хетероген состав.

Во рамките на Здружението соодветна проблематика третираат следните дејности:

 

1. Копнен сообраќај;
2. Железнички сообраќај
3. Воден сообраќај
4. Воздужен сообраќај
5. Придружни и помошни активности во сообраќајот
6. Активности на други посредници во сообраќајот - шпедиција
7. Поштенски активности

На седницата на Здружението на сообраќајот одржана на 20 февруари 2013 година за претседател е избран Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, а на седница одржана на 3 февруари 2015 година со измена на Правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението, за заменик - претседател е избран Ѓино Шкријељ од Викторија шпед доо Скопје. На истата Седница за претставници во Собранието на Стопанската комора на Македонија, избрани се: Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, Зоран Богдански од ТАВ Македонија, Скопје и Ѓино Шкријељ од Викторија шпед ДОО Скопје.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Билјана Пеева-Ѓуриќ
Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: biljana@mchamber.mk

Податоци за дејноста

Тежиштето на активностите на Здружението е унапредување на вкупните односи во областа на сообраќајот, а особено:

- разгледување на прашања од тековната проблематика со предлагање на мерки за надминување на негативните состојби и тенденции, 
-  усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на одделните дејности,
- разгледува предлози на закони и други прописи и дава мислења по истите;
- иницира и остварува соработка со надлежните органи и институции во земјата и странство и ги застапува интересите на членовите на Здружението и на одделните групации;
- ги координира активностите за организиран настап на семинари, конгреси и други  манифестации во земјата и во странство;
- поттикнува  имплементацијата на европските правила и стандарди;
- остварува други активности што заеднички ќе ги договорат членките.

СОСТОЈБИ ВО ДЕЈНОСТА
Бројот на вработените во секторот транспорт и логистика, во вкупно вработените на ниво на државата во последните неколку години се движи околу 8% до 9%.

Во вкупниот превоз на стоки во Република Македонија, товарниот патен транспорт во последните десет години учествува просечно 90%, додека железничкиот транспорт учествува само 10%.

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 км: 6.830 км или 64,5% од неа се локални патишта, 2.820 км или 26,5% се регионлни патишта, а 950 км или 9% се автопати. Најзначаен автопат е меѓународниот автопат E-75. Неговата вкупна должина во Македонија изнесува 201 км. Поминува низ централниот дел и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.

Железничкиот систем на територијата на Република Македонија егзистира од далечната 1873 година со пуштање на пругата Солун - Скопје. Согласно уредбите на ЕУ, во 2007 година ЈП „Македонски железници“ - Скопје се подели на два независни правни субјекта и тоа: ЈП за железничка инфраструктура „Македонски железници“ - Скопје (со основна дејност организирање и регулирање на железничкиот сообраќај; раководење со системите за регулирање и безбедност; управување, изградба, ремонт, одржување и заштита на железничката инфраструктура) и „Македонски железници Транспорт“ АД - Скопје (чија основна дејност е превоз на стока и патници). Железничката мрежа има 699 км пруга. „Македонски железници Транспорт“ АД - Скопје поседува околу 1500 товарни вагони, 75 патнички вагони, 40 дизел и 16 електролокомотиви. Покрај тоа, во возниот парк има 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови.

Врзано за воздушниот сообраќај, во Македонија има два меѓународни аеродрома, во Охрид и во Скопје. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје го користат 90% од патниците, а аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид го користат 10% од патниците.

ФИЗИЧКИ  ОБЕМ НА СООБРАЌАЈНИ УСЛУГИ
Споредба за периодот јануари – декември 2016 со истиот период 2015

 

Р.бр

Сообраќајна гранка

П е р и о д

 

Раст/Пад

Јануари – декември 2015

Јануари – декември 2016

I.

Патен

 

1.

Патници –вкупно (000)

    -национален

    -меѓународен

8.074

7.221

-10,6%

7.244

6.468

-10,3%

830

753

-9,3%

2.

Патнички КМ-вкупно (мил.)

 - национален

 - меѓународен

1.248

1.101

-11,8%

632

582

-8,0%

616

519

-15,8%

3.

Патен превоз на стоки – вкупно (000 тони)

-  за сопствени потреби

-  за трети лица

36.513

51.308

+40,5%

23.365

35.854

+53,4%

13.148

15.454

+17,5%

4.

Тонски км во превоз на стока – вкупно (мил)

-  за сопствени потреби

-  за трети лица

6.759

6.946

+2,7%

1.632

1.586

-2,8%

5.127

5.360

+4,5%

II.

Градско-приградски превоз, вкупно (000)

80.316

76.302

-5,0%

III.

Железнички

 

1.

Патници –вкупно (000)

    -национален

    -меѓународен

1.022

663

-35,1%

1.013

660

-34,8%

9

3

-66,7%

2.

Патнички КМ-вкупно (мил.)

 - национален

 - меѓународен

178

84

-52,8%

178

84

-52,8%

0

0

/

3.

Превезена стока вкупно (000 тони)

- национален

 - меѓународен

1.566

1.356

-13,4%

52

44

-15,4%

1.514

1.312

-13,3%

4.

Тонски км во превоз на стока – вкупно (мил)

- национален

- меѓународен

278

222

-10,2%

2

3

+50%

276

219

-20,7%

IV.

Воздухопловен сообраќај

 

1.

Патници вкупно

-       испратени

-       пристигнати

1.552.137

1.788.233

+15,2%

785.645

904.879

+15,2%

766.492

883.354

+15,3%

2.

Превезена стока – вкупно (000 тони)

-       испратени

-       пристигнати

2.340

2.617

+11,8%

881

1.030

+16,9%

1.459

1.587

+8,7%

3.

Превезена пошта– вкупно (000 тони)

308

325

+5,5%

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Билјана Пеева-Ѓуриќ
Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: biljana@mchamber.mk

Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Телефон: ++ 389 2 3244034
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: biljana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје