ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Здруженија при Комората
   
Здружение на кожарско-преработувачката индустрија

Здружението на кожарско преработувачката индустрија е форма на организирање и делување во рамките на Стопанската комора на Македонија на стопанските субјекти од следните преработувачки индустриски дејности:

 
  • доработка и боење на крзно и производство на предмети од кразно;
  • штавење и доработка на кожа;
  • производство на куфери, рачни торби и слични предмети;
  • производство на обувки.

Со исклучок на само неколку, фирмите-производители на обувки спаѓаат во мали и средни фирми, кои во најголем дел работат на доработки.Во тој контекст една од активностите на Здружението е изнаоѓање стратешки партнери на домашните компании.

Производството на обувки во Република Македонија има долга традиција и во регионот производителите на обувки се познати по својот виско квалитет на производот.

На седница на Здружението на кожарско преработувачката индустријаодржана на 27.03.2018 година за претседател на Здружението во следниот  период е избрана Лидија Милановска, директорка на „Де Марко„ - Куманово и заменик претседател Ерик Тушевски директор на "Тушевски Ерик" ДООЕЛ - Куманово

За претставник од Здружението на кожарско-преработувачката индустрија, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатен период 2015-2020 година се избра:

       1. Атанас Киров, “Димко Митрев” - Велес

Правила за организација и начин на работење на Здржението

Одлука за изменување и дополнување на Правилата


Состојби во кожарско преработувачката индустрија во РМ

Производството на обувки во Република Македонија има долга традиција, познато  по својот виско квалитет на производите, која кожарско преработувачката индустрија традиционално своите производи го извезува, со што придонесува во  ублажувањето на  девизниот дебаланс на земјата.

Процесот на глобализацијата, се поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број на предизвици пред кожарско преработувачката индустрија како за националната економија така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија а со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската Унијаи на селење на дел од нивното производство но други земји, поволно се одрази и на Република Македонија со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за лон аранжманите. 

Се поголемата либерализација во стопанисувањето како и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување во земјава, како и послободното дејствување на пазарните законитости, придонесуваат за отвореност на економијата, за се поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на кожарско преработувачката индустрија.Тука треба да се спомене дека и националното законодавство во врска со оваа стопанска гранка во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.

Учеството на кожарско преработувачката индустрија во бруто домашниот производ за 2018 година учествува со 0,4%.
Што се однесува до извозот за  2018 година учеството на извозот на кожарските производи и обувки изнесува 68 милиони долари или 0.8% од вкупниот извоз на земјата. Увозот на кожарски производи и обувки во нашата земја е 110.9 милиони долари или 0.75% од вкупниот увоз во Репулика Македонија. Бројот на вработените во оваа стопанска гранка учествува со 1,3% во вкупниот број на вработени во индустријата во РМ.Според податоците за индексите на индустриско производство за 2018 година споредено со претходната година, имаме намалување од 1.3% кај штавење и доработка на кожа, производство ка куфери торби и обувки. Кај извозот на кожни производи и обувки за 2018 година имаме зголемување само од 6%, споредено со претходната година, а додека на страната на увозот за 2018 година  имаме зголемување од 7.7% во споредба со 2017 година, 
       Фирмите од кожарско пререботувачката индустрија, освен две големи фирми, спаѓаат во групата на средни и мали претпријатија. Над 90% од нив се производители на обувки. Лоцирани во нови објекти, со современа опрема и квалитетен и обучен кадар постигнуваат квалитетно производство, кое се цени како врвно во регионот.
       Кожарско преработувачката индустрија во Република Македонија, треба да се стреми кон освојување на глобалниот меѓународен пазар, преку подобро производство, работење и квалитет, преку вклучување во светските и европските производни тенденции насочени кон класичен извоз, наспроти сегашната доминантна застапеност на “Лон” аранжманите. Тоа подразбира превземање на сеопфатни мерки пред се во правец на финансиско консолидирање на состојбите во оваа извозно ориентирана гранка, воведување современа технологија и модерен дизајн и квалитет, што ја унапредува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар.

Секторска анализа по години:

 

 

Контакт лице: Сашо Деспотоски
Телефон: ++ 389 2 3244089
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: saso@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје