1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Здруженија при Комората
   
Здружение на информатичко-комуникациски технологии

14.11.2018
РАЗВОЈНА КОМПОНЕНТА НА ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ОД ЕКОНОМСКАТА ОБЛАСТ

На 14.11.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за предложените закони од економската и финансиската област, што се од интерес на членките од ИТ-секторот.

Компаниите - членки на Здружението сметаат дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија е во сеопфатното зафаќање од сите субјекти и елиминација на „сивата“ економија, вклучувајќи го и нерегулираниот бизнис преку интернет.

Посебно внимание треба да се насочи кон искористување на сите расположливи можности за рационализација на расходите и нивна максимална реализација во функција на развојот и динамична стопанска активност. Потребено е перманентно следење на билансите на приходите и расходите, во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги, вложувања во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем, но и рационализација на процесите на државната администрација.

Укажувањата се дека вакви системски промени, најавени на крајот од годината, се дополнителен притисок врз стопанството и не се донесени во партнерски однос со стопанството, без навремено усогласување за да можат субјектите да го приспособат своето работење, особено при утврдувањето на финансиските планови за следната година.

Членките на Здружението побараа преиспитување на термините за  стапување во сила на предложените закони, со цел спроведување на широки консултации за оценување на ефектот врз ефективното работење, продуктивноста и деловното опкружување.                                                                                   

17.05 2017

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СО КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ БАРААТ НАМАЛУВАЊЕ НА ОПТОВАРУВАЊАТА

 Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 17.5.2017 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите - кабелските оператори во Република Македонија.

 

Компаниите укажаа дека сегашните зафаќања од остварениот приход на кабелските оператори (особено за наплата на авторските права и филмскиот фонд), како и другите финансиски обврски, се пазарно нереални и претставуваат можен предуслов и закана за прелевање на товарот на крајниот потрошувач, преку вградување на дополнителните трошоци во сметките на граѓаните.

____

 07.03.2017

СОРАБОТКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИКТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЦЕНТАР НА ИЗВОНРЕДНОСТ

На 7 март 2017 година претседателот на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија имаше состанок со претставници од „PwC“ од Луксембург. Цел на средбата беше размена на мислења во врска со Студијата на изводливост (физибилити студија) за воспоставување Центар на извонредност (Centre of Excellence), кој би ги покривал земјите од Западен Балкан.

Студијата е финансирана од страна на Европската инвестициона банка (ЕИБ), а фокусот на студијата е на иновации во две области: Информациски и комуникациски технологии и Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.  Повеќе >>

____

26.09.2016

СОГЛЕДУВАЊА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ПРЕКУ ДИЈАЛОГ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ДО РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА

 Стопанската комора на Македонија преку Здружението на угостителството и туризмот и Здружението на информатичко-комуникациските технологии, во соработка со Американската стопанска комора во Македонија, подржана од ЕУ твининг проектот “Зајакнување на заштитата на правата од интелектуална сопственост”, на денешната прес конференција (26.9.2016 година), организирана во Комората, информираше за заклучни согледувања од страна на бизнис заедницата кои беа усвоени по одржувањето на Тркалезната маса на 22 септември на тема “РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА”. Повеќе >>

На тркалезната маса, претставниците на бизнис секторот ја потврдија својата одлуката дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат изработка на Правилник со тарифа за користење авторски музички дела кој ќе обезбеди соодветен надомест за авторите од една страна и економски одржливи трошоци на другата страна.

  

____

15.06.2016

ВО РАМКИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ - ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА ЗА ПРОМЕТ СО ИКТ-ОПРЕМА

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси во рамките на прометот со ИКТ-опрема, на иницијатива на повеќе компании, на 15.6.2016 година се одржа конститутивна седница на која се формираше Групација за промет со ИКТ-опрема како посебна форма на организирање и работење во рамките на Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и ќе предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и  добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.

За претседател на Групацијата за промет со ИКТ-опрема е избран Бобан Тотовски, генерален менаџер на „ТНТ ИТ Маркет“ - Скопје, а за заменици-претседатели се избрани  Никола Настевски од „Нико Фон“ - Скопје и Горан Димитровски, директор на „АМЦ“ - Скопје.

____

29.09.2015

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ГО ИЗБРА НОВИОТ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР

 За претседател на Управниот одбор, а со тоа и претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии повторно беше избран г-дин Благој Христов, а за потпретседател беше избран г-дин Герасим Ванчев.

 

____

29.09.2015

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА КРАТКОРОЧНА ИКТ СТРАТЕГИЈА 2016-2017 И НЕЈЗИНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН - ДРЖАВНА ПОДДРШКА СО СУБВЕНЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕРСКИТЕ УСЛУГИ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на својата редовна седница, одржана на 29.9.2015 година, расправаше за начинот на реализација и активното учество на членките од ИКТ-секторот во предвидените активности на  донесената Национална краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план. Здружението учествуваше во Работната група за изготвувањето на овој значаен документ и даде најмногу забелешки и мислења, кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи. Повеќе>>

____

15.07.2015

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-КРАТКОРОЧНА ИКТ СТРАТЕГИЈА 2016 - 2017 ГОДИНА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

        На иницијатива на Владата на Република Македонија, а во соработка со приватниот сектор, академската заедница и невладиниот сектор, во изминатиот период се изготви Предлог-краткорочна стратегија која ќе им овозможи на домашните ИКТ-компании да отвораат нови работни места и да развиваат софтвер и услуги не само за Македонија, туку и за извоз, бидејќи сите анализи покажуваат дека Македонија има голем ИТ-потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции од оваа област.  (Повеќе)


____

21.04.2015

ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКА БАНКА НА РАБОТНА СРЕДБА СО Г-ДИН БЛАГОЈ ХРИСТОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО КОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

 На 21 април  2015 година, претставници на Светската банка остварија работна средба со Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија на теми поврзани со барањата на приватниот сектор за отворени база на податоци на Владата, како и за тоа како приватните компании, што работат во Република Македонија, би можеле да понудат решенија за големи бази на податоци. Повеќе ...

____

19.06.2014

Претставници на Светска банка на работна средба со г-дин Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии во Стопанската комора на Македонија - ПОБАРАНА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАТИВНИТЕ РЕШЕНИЈА И ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ


На средбата се разговараше на теми поврзани со местото на информатичко комуникациските технологии во развојот на македонската економија и примената на иновативните светски решенија и развојот на човечките ресурси во секторот во Република Македонија. Повеќе ...

ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ - Во тек е подготовката на новиот текст на Законот за електронски комуникации. Доколку имате Ваши предлози, мислење или сугестии во однос на одредби што би биле дел од новиот Закон за електронски комуникации, доставете ги до Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија (за да можеме да ги сублимираме) во следнава форма:

 
  • Да се дефинира членот од ЗЕК за кој се предлагаат измени;
  • Причина за предложената измена;
  • Предлог изменета на членот; и
  • Референца врз основа на која Директива од ЕУ се базира предлог измената.
Искористете ја оваа рана фаза на подготовката на новиот текст од Законот, кога се поголеми можностите за Ваше и наше реално учество со посоответни решенија за македонските компании од ИТ секторот.
Повеќе на: http://www.mioa.gov.mk/?q=node/217

Заедничка седница на Здруженијата на информатичко-комуникациски технологии и на металната и електроиндустријата - расправаа за управување и отпад со електрична и електронска опрема - НАВРЕМЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ
Со стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема („Сл. Весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад. >>>

Презентација на сервисот Market Intelligence - ONLINE МЕРЕЊЕ НА Интернет Аудиториум
Во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на сервисот Market Intelligence, по повод воведување на системот за Online мерење во Република Македонија. Овој систем подразбира мерење на Интернет аудиториумот, односно мерење на домашните веб сајтови. Со овој сервис се очекува да се придонесe во развојот на Интернетот во Република Македонија, како медиум со најголема стапка на раст во последните години. >>>


Седници на здружението

Благој Христов, „Македонски телеком“ - Скопје, Претседател на Управниот одбор.

Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здруженнието за Информатичко-комуникациски технологии.

Игор Димитровски, „ИБМ Претставништво во Македонија“ – Скопје, потпретседател.

Членови на Управниот одбор на Здружението за Информатичко-комуникациски технологии се:

 
  1. Благој Христов, „Македонски Телеком“ - Скопје;
  2. Игор Димитровски- „ИБМ Претставништво во Македонија“ – Скопје.
  3. Антони Пешев- „Ултра“ Скопје;
  4. Герасим Ванчев, „Семос“ – Скопје;
  5. Миле Младенов, „Аквила„ – Скопје;
  6. Сања Ладинска, „Санком тех“ – Скопје;
  7. Петар Индовски- Горд Системи“- Скопје;
  8. Васко Павловски- „ЕЦС  груп“- Скопје;
  9. Душко Сапунџиев, „Инел Интеренатионал“-Кавадарци.

За претставник од Здружението на информатичко комуникациските технологии, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период од 2015-2020 година, се избира:

Благој Христов, од Македонски Телеком АД, Скопје

Здружението за информатичко-комуникациски технологии

Здружението за информатичко-комуникациски технологии е здружение во рамките на Стопанската комора на Македонија, во кое членуваат компании од областа на: ПРОИЗВОДСТВО НА ХАРДВЕР, ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР, ПРОИЗВОДСТВО НА СОФТВЕР, ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ (оператори на мобилни, фиксни, кабелски и др. мрежи и даватели на услуги), образовани од областа на ИКТ, консалтинг ИКТ компании.

Членките во Здружението се партнери, иницијатори и активни учесници во реализација на целите на здружението.

Тела во рамките на Здружението се Управен одбори претседател и заменик-претседател на Здружението. Согласно Статутот и Законот на Комората, Здружението предлага и еден член во Собранието на Стопанската комора , како највисокото тело во структурата на Комората.

Здружението може да соработува со други сродни асоцијации и здруженија во Македонија и надвор од земјата, какао и да членува во соодветни европски и светски организации.

Здружението може да соработува и со други организации при реализација на заеднички проекти од интерес на членките на Здружението.

Доколку постои интерес според Законот може да се формираат и Групации во рамките на Здружението.

ВИЗИЈА

“Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија”

МИСИЈА

“Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија”

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

 
  • Преку развој на ИКТ секторот, развој и на македонската економија.
  • Зголемување на инвестициите во ИКТ секторот
  • Зголемување на извозот во ИКТ секторот, преку креирање на национални ИКТ производи.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 
  • Промоција на членките на Здружението
  • Координација на заедничките интереси
  • Заштита на интересите на членките.
  • Преставување на заедничките интереси пред државните органи
  • Директна соработка со ресорни Министерства
  • Делегирање на преставници во координативни тела и групи во рамките на државните органи од областа на економијата
  • Соработка со државните органи при разгледување на нови регулативи
  • Промовирање на конкуррентност на пазарот, имплементирање на стандарди и заштита на потрошувачите
  • Подготовка на анализи на пазарот и предлози за разрешување на нерегуларности на пазарот
  • Почитување на заштитата на индустриската и интелектуална сопственост и права.
  • Организирање на настани и учество на конфернеции на национално и меѓународно ниво.
  • Здружението актиувно учествува и во сите активности во рамките на Стопанската комора на Македонија, и ги користи и останатите придобивки и услуги како и членките на другите здруженија.

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk

Податоци за дејноста

30.01.2019

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти, 2018

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, 94.4 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81.5 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Од вкупниот број на деловни субјекти, 53.9 % имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89.6 % на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51.7 % имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 % обезбедиле онлајн нарачување или резервирање.

Во однос на е-трговијата, 5,7 %, од деловните субјекти, со Е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку Веб-продажба.

15.08.2018

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти, 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.2% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G), имале 63.0% од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: ноутбук, лаптоп, смартфон, телефон PDA итн.), за деловна намена, користеле 14.5% од вработените во деловните субјекти.
54.2% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (на пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, алатки Wiki итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум.
Околу 49% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 80% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 59% имале наведено линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.
Во текот на 2016 година, 10.3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 6.0%, а е-купувања имале 5.8% од деловните субјекти.

Анализа на ИКТ секторот

Во ИКТ секторот има 1.446 активни претпријатија (на крајот на 2013), каде работат 16.205 вработени или 2,4% од вкупната вработена работна сила (2Q 2014), кои придонеле 4,1% од вкупната додадена во земјата, или 288,3 €. Во 2013 година овој сектор извезол информатички услуги во вредност од 119,7 милиони €  што претставува 13% раст во споредба со 2012 година. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е 564 € (август 2014 година).


Анализа на ИТ секторот

Кога ќе се исклучи "К" (комуникаци)  од „ИКТ“  тогаш повеќето од компаниите во ИТ секторот се концентрирани во Одделението 62: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни активности.
ИТ секторот на крајот на 2013 година се состоел од 539 активни компании, од него 88% микро и 11% мали претпријатија, што претставува раст од 30% во текот на 2010 година. Овие компании вработиле 2.586 работници во 2013 година, што претставува пораст од 123% во текот на 2010 година и придонесува со бруто додадена вредност од 33,13 милиони € во 2011 година во Одделението 62 (10,7% од вкупниот ИКТ сектор), што претставува зголемување од 48% во споредба со 2009 година. Покрај ова, бруто додадената вредност по вработен во Одделението 62 било 13.530 € (2011), а просечната месечна плата по вработен во Секторот за 62 во август 2014 година била 738 €,што претставува пораст од 47% во текот на 2010 година.


Извозот на компјутерски услуги во 2013 година бил 52,4 милиони евра или 44% од вкупниот извоз на ИКТ во 2013 година. Просечната вредност на извозот по вработен во Одделението 62 била 18,100 € (2013).


Вредноста на извозот на компјутерски и информациони услуги во милиони долари, 2000-2013, според Светската трговска организација (2014) е следна: извозот на ИТ секторот се зголемил од 2010 до 2013 за речиси 70 пати или со сложена годипна стапка на раст (CAGR) од 38%.

 

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти



Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2016 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.8% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 69.3% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop,
smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 14% од вработените во деловните субјекти.
52.5% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум. Повеќе на http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=76&rbr=2136

20.08.2015

Ве известувам дека Владата на Република Македонија, на својата седница одржана на 19ти август 2015 година, ја усвои Националната Краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план.

Националната Краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017

Акциски план

 

1.09.2014  

Информатичка технологија и реформа во јавната администрација

Владата ќе продолжи да ја имплементира Програмата за развој на информатичкото општество во која се опфатени основните столбови на Дигиталната агенда 2020 поставена за земјитe членки од  Европската Унија и во таа насока ќе продолжи со инвестиците во информатичкото  општество.  Во  оваа  Програма  предвидена  е  поддршка  за  поголемо учество  и  конкурентност  на македонските   ИТ-компании  на  Европскиот  единствен дигитален пазар, воведување на единствени стандарди и  интероперабилни системи на државните институции, максимална заштита на граѓаните и нивните лични податоци при користењето на Интернетот, воведување на супер брз Интернет со брзини од 100Мб/с, стимулирање на ИКТ истражувања и развој и подобрување на дигиталната писменост, способност и инклузивност. Целите за развој на информатичкото општество се:

      - 80%  од  населението  на  Македонија  до  2018  година  да  биде  покриено  со широкопојасен интернет

      - бројот на домаќинства што користат интернет да се зголеми до 90% до 2018 година

      - најмалку 33% од малите и средни фирми да продаваат свои производи онлајн до 2018

      - да се намалат цените на рoаминг-услугите за граѓаните на Македонија

      - да се зголеми бројот на електронски  јавни услуги со висок степен на софистицираност.

(Повеќе)

 

Македонија 36-та во Европа, а на 60-то место во светот по користење на интернет (ВЕЧЕР)

Од ИТУ измериле дека македонскиот ИДИ изнесува 5,77. Во Европа сме на 36. место за 2013 година, а во глобални рамки на 60. место, но лани сме направиле скок од две места во однос на 2012-та. Со понизок развој на ИКТ од нашиот се Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и на дното на листата е Албанија со ИДИ 4,72
Данска, Шведска и Исланд се на првите три места на листата на европски држави со највисок индекс ИДИ кој го мери развојот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ).
Овие северноевропски држави се и на врвот на глобалното рангирање за 2013 година, држејќи го првото, третото и четвртото место на ИДИ индексот кој комбинира 11 индикатори во една репер мерка која служи за следење и споредување на ИКТ во земјите во светот, односно за нивната развиеност и распространетост во користењето на информатичките технологии.
За споредба, данскиот ИДИ изнесува 8,86, Шведскиот е 8,67, а многу блиску е и исландскиот - 8,64.
Овие бројки се содржани го годишниот извештај на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) при ОН, каде е подготвен список на земји кои имаат најголем број интернет-корисници по глава на жител, како и држави во кои интернетот најбрзо се шири.
Според овој извештај, европскиот просек на ИДИ е 7,14.
Каде се наоѓа Македонија во оваа конкуренција.
Од ИТУ измериле дека македонскиот ИДИ изнесува 5,77 и со тоа се наоѓаме во долниот дел од табелата.
Во Европа сме рангирани на 36. место за 2013 година, а во глобални рамки на 60. место, но лани сме направиле скок од две места во однос на претходната година.
Со понизок развој на ИКТ од нашиот се Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и на дното на листата е Албанија со ИДИ 4,72.
Босна и Херцеговина иако е во долниот дел на ранг-листата, во 2013 година има направено најголемо подобрување од сите европски земји споредено со 2012 година и тоа со скок од 74. на 69. место.
Но, има и европски земји со пад на ранг-листата на индексот ИДИ. Кај Полска падот е седум места, Црна Гора е шест, Грција и Португалија паднаа за четири места, а Хрватска, Кипар и Чешка за три места и го загубија чекорот со земјите од Заедницата на независни држави, Северна и Јужна Америка, како и регионот на арапските држави чиј развој на ИКТ оди нагоре.
Инаку, три милијарди луѓе во светот моментно користат интернет, а Данска е земја со најбрза стапка на раст на нови корисници по глава на жител.
До крајот на оваа година околу седум милијарди луѓе ќе користат мобилен интернет, што е всушност еквивалентно на бројот на луѓето во цел свет.
Иако мобилниот интернет е од клучно значење за оние кои живеат во рурални и неразвиени подрачја, голем дел од овие седум милијарди се корисници кои имаат повеќе профили и живеат во економско силни општества.
Пристап до интернет од дома имаат три четвртини од европските домаќинства.
Највисока пропорција на домаќинства приклучени на Интернет се наоѓаат во Исланд (96%), Луксембург (95%), Холандија (95%) и Норвешка (94%).
Албанија е последна со 22% пенетрација на домаќинства со пристап на интернет.
Безжичниот широкопојасен интернет е достапен во секоја европска земја, а големо мнозинство на земјите имаат стапка на пенетрација од над 50%.
Води Финска со 123,4%, Шведска 110% и Данска 107%, додека Албанија, Унгарија, Босна и Херцеговина се со најниски стапки.
БиХ има најголем раст на пенетрацијата на безжичен интернет од 12% на 24% во однос на 2012 година, во Македонија растот е од 19% на 28%.
Пенетрацијата, пак, на фиксниот широкопојасен интернет во регионот изнесува 27% на крајот на 2013 година, а глобалниот просек е 9%.
Сите балкански земји се над европскиот просек, исклучок е само Албанија каде само 6% од домаќинствата користат фиксен широкопојасен интернет.

Број на активни деловни субјекти, 2013 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71 290.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 25 429 субјекти или 35.7% и Преработувачка индустрија со 7 918 субјекти или 11.1%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0.2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0.2%.

Во секторот Информации и комуникации има 1 446 субјекти со 2,0 % учество во вкупната структура.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6.2%, па субјектите со 10 - 19 вработени со 4.2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.5 %, со 1.8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти во 2013 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2013 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 43.8% од деловните субјекти, 57.4% од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието, а 41.0% на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба.

Во јануари 2013 година, 32.4% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 26.1% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Преносливи уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone), кои овозможуваат мобилен пристап на интернет, за деловна употреба користеле 6.6% од вработените.

Употребата на социјалните медиуми, како социјални мрежи, блогови, веб-страници за споделување на мултимедијална содржина (пр., Facebook, Twitter, YouTube, итн.), или wiki-алатки за споделување знаење, била застапена кај 36.2% од деловните субјекти.

Новите земји во ClickAttack Q извештајот

Скопје, 23 април 2013 (МИА) - Што е ново во мобилното огласување за 2013 година во Југоисточна Европа? Еден од новитетите е ширењето на ClickAttack во земјите од регионот. Заради таа причина во најновиот извештај за првиот квартал од годинава се објавени трендовите и статистиката не само за Хрватска, туку и за Босна и Херцеговина и Македонија.

Првпат може да се спореди мобилното огласување во земјите од Југоисточна Европа. Дали трендовите се исти во сите земји? Или ве очекува изненадување? Што е со таблетите? Дали расте нивната популарност во регионот? Q1 извештајот нуди одговори на ова, но и многу други прашања, но најдобро е да откирете сами!

Уште една новина во ClickAttack Q-извештајот е споредбата на користење на мобилниот интернет по ден и час во сите три земји, информација која е витална во планирањето на вашите мобилни кампањи. Се ова, а и многу повеќе, можете да најдете во ClickAttack Q 1 извештајот: http://www.clickattack.com/q-report/

РАЗВОЈОТ НА ИКТ СЕКТОРОТ ВО СВЕТОТ - информацијата е објавена во Бизнис ИНФО број 74, на стр 32

ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Според последното објавено соопштение на Државниот завод за статистика од оваа област, во Република Македонија, во јануари 2012 година, 87% од деловните субјекти со 10 и повеќе вработени имале широкопојасен пристап на интернет. Во јануари 2012 година, 33% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 28% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Приближно една четвртина (26%) од деловните субјекти, на своите вработени, за деловна употреба, им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет, а 36% за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието. Евидентирано е дека 17% од деловните субјекти (10+) имале вработено лица со специјалистички вештини за ИКТ/ИТ. Најголем процент на вработување на специјалисти за ИКТ/ИТ е забележан кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%). Повеќе >>>

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk

Контакт лице: Лазо Ангелевски
Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: laze@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје