1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Здруженија при Комората
   
Здружение на осигурувањето

Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија беше конституирано на 22.02.2005 година, со заемна едногласна одлука на тогаш актуелните друштва за осигурување. Денес во него доброволно членуваат сите 15 друштва за осигурување, како и друштва од вториот столб на пензиското осигурување.

Клучната улога и функција на Здружението на осигурувањето е да ги обедини ставовите и мислењата на сите осигурителни друштва, со цел активно присуство и партиципирање во актуелните прашања или проблеми, од сите аспекти кои директно или индиректно имаат влијание на осигурителната дејност или би можеле на каков и да било начин да влијаат на работата на осигурителните друштва и клиентите.

Почитувајќи ги Правилата за организацијата и начинот на работа, Здружението има Управен одбор како орган на управување. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здружението. Здружението има заменик-претседател, кој, по овластување на претседателот, раководи со состаноците на Управниот одбор.

На седница на Здружението на Осигурување одржана на 19.12.2017 за претседател на Здружението во следниот мандатен период од две години беше избран Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје, За заменик-претседател на Здружението на осигурувањето е избрана Елена Наумова од „Евроинс осигурување“ АД - Скопје.  
 
Здружението на осигурување за мандатниот период 2015-2020 година го избра својот претставник во Собранието на Стопанската комора на Македонија од Еуролинк осигурување АД Скопје, г-динот Дарко Атанасовски.

Во работата на Здружението на осигурување активно учество земаат сите осигурителни компании во Република Македонија.

На крајот од 2017 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно има 16 друштва за осигурување. Од тие 16 друштва, 11 вршат работи на неживотно осигурување, додека 5 друштва вршат осигурување на живот.

Исто така, во оваа дејност функционираат 36 осигурително брокерски друштва, што упатува на атрактивноста на осигурителниот пазар, 11 друштвата за застапување, 5 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување.

Во дејноста осигурување функционира и Национално биро за осигурување.

Регулатор на осигурителната дејност е Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Здружението на осигурување работи согласно актите на Комората и согласно Правилата за организација и начинот на работа на Здружението.

Одлука за изменување и дополнување на Правилата за организација и начинот на работа на Здружението на осигурување


Податоци за дејноста

 КАКО СЕ ДВИЖЕШЕ ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО 2018-ТА ГОДИНА 

 

10,40%

пораст на бруто полисирана премија

9.43%

пораст на неживотно осигурување

15,48%

пораст на осигурување на живот

 

9,53%

пораст на бруТО исплатени штети (биш)

7,92%

пораст на биш кај неживотно осигурување

30,65%

пораст на БИШ кај осигурување на живот

 

ВКУПНО БПП: 9,93 милијарди денари (2017: 8,99 милијарди денари)

 

БПП неживотно осигурување: 8,55 милијарди денари (2017: 7,55 милијарди денари)

 

задолжително осигурување од автоодговорност (АО) со учество од 43,45%. БПП 4,31 милијарди денари; +6,04% (2017: 4,07 милијарди денари)

 

осигурување на имот со учество од 17,31%.

 БПП 1,72 милијарди денари; +19,68% (2017: 1,44 милијарди денари)

 

доброволно осигурување на патнички возила (каско) со учество од  8,03%

БПП 797,32 милиони денари; +5,42% (2017: 756,34 милиони денари)

 

осигурување од незгода со учество од  6,85%

БПП 680,26 милиони денари; +1,68% (2017: 669,04 милиони денари)

 

доброволното здравствено осигурување со учество од  8,03%

БПП 125,71 милиони денари; +116,37% (2017: 58,10 милиони денари)

 

осигурување на живот со учество од 16,8%

БПП 1,67 милијарди денари; +15,48% (2017: 58,10 милиони денари)

 Во текот на 2018 година друштвата за осигурување склучиле 1.476.374 договори при што се забележува пораст од 6,55% во однос на 2017 кога беа склучени 1.385.676 договори. Од вкупниот број на склучени договори, 1.454.110 полиси се во рамките на неживотно осигурување, што претставува пораст за 6,26% во однос на бројот на полисите во 2017 година, додека 22.264 се полиси за осигурување на живот, односно зголемување од 29,57% во споредба со 2017 година (2017: 17.183 полиси);

Друштвата за осигурување во 2018 година исплатиле бруто - износ на штети од 3,92 милијарди денари. Во споредба со 2017 година бруто исплатените штети бележат пораст од 9,53% (2017: 3,58 милијарди денари). Учеството на реосигурувањето во бруто исплатените штети изнесува 13,19%;

На крајот на 2018 година вкупниот капитал на друштвата за осигурување изнесува 6,84 милијарди денари. Маргината на солвентност како главен индикатор за проценка на стабилноста на осигурителниот сектор изнесува 1,57 милијарди денари;

Во периодот 1.01.-31.12.2018 година осигурителниот сектор оствари добивка по оданочување во износ од 394,94 милиони денари;

Во структурата на каналите на продажба најголемо учество зазема директната продажба со 48,74%, потоа следи продажбата преку осигурително брокерски друштва со 27,66%, продажбата преку агенти - физички лица со 10,61%, продажба преку друштва за застапување во осигурување со 8,65%, банките со 3,74%  и 0,60% преку останати дистрибутивни канали;

Заклучно со 31.12.2018 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 16 друштва за осигурување. Во делот на неживотно осигурување бројот на пазарните субјекти е 11, додека во делот осигурување на живот бројот на субјекти е 5;
Во 16 друштва за осигурување вработени се 1.949 лица што претставува пораст на вработените лица од 0,46% во однос на 2017 година.

 

 

 

Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје