
Еднодневен семинар:
„Отстранување на работник до донесување одлука за отказ на договорот за вработување - суспензија, одлагање од извршување на конечна одлука за отказ на договорот за вработување до донесување на судска одлука, право на дополнителна работа, право на плата, додатоци на плата за работа во празници, прекувремена работа - замена со слободни денови, исплата на дневници и службени патувања, видови договори за вработување, договори за вработување на определено и неопределено време, трансформација на работен однос, посебни договори согласно Законот за работни односи“
17.12.2019 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија, на 17 декември 2019 година, организира еднодневен семинар на темa: „Отстранување на работник до донесување одлука за отказ на договорот за вработување - суспензија, одлагање од извршување на конечна одлука за отказ на договорот за вработување до донесување на судска одлука, право на дополнителна работа, право на плата, додатоци на плата за работа во празници, прекувремена работа - замена со слободни денови, исплата на дневници за службени патувања, видови договори за вработување, договори за вработување на определено и неопределено време, договор за вработување со неполно работно време, трансформација на работен однос, посебни договори согласно Законот за работните односи“.
Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.
ПРОГРАМА:
1. Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на
работодавачот и надлежност на инспекторот за труд
- Отстранување на работник до донесување одлука за отказ на договорот за
вработување – суспензија;
- Одлагање од извршување на конечна одлука за отказ на договорот за
вработување до донесување на судска одлука.
2. Права на работниците од работен однос
- Право на дополнителна работа;
- Право на плата;
- Додатоци на плата за работа во празници, прекувремена работа, замена со
слободни денови;
- Исплата на дневници за службени патувања.
3. Видови договори за вработување
- Договор за вработување на определено време;
- Договор за вработување на неопределено време;
- Договор за вработување со неполно работно време;
- Трансформација на работен однос од определено на неопределено време;
- Посебни договори согласно Законот за работните односи.
4. Значењето на поимот мобинг и судска пракса.
Предавачи:
- м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II - Скопје и
- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.
За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 13.12.2019 година.