ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
25.06.2019 👁 Прочитано: 1875

Креирање нови економски перспективи - КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ


Со цел приклучување на регионот кон Европската унија, во зона на стабилност, безбедност и економски просперитет, за европска иднина, на што треба да се гледа како на последна шанса за заеднички економски напредок на регионот, но и како единствен пат кон одржлив раст и развој на секоја од шесте земји од регионот, беше креиран Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Во рамките на КИФ е креирана и посебна агенда за регионална соработка, којашто е резултат од заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни при што се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво.

Креирање нови економски перспективи - КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊВо насока на приклучување на регионот на Западен Балкан кон Европската унија и креирање заеднички политики за раст и развој, под мотото: „Да растеме заедно“, на 4 јули 2019 година во Познањ, Р. Полска ќе се одржи овогодишниот Самит на Западен Балкан.

Главен фокус на Самитот е полесна интеграција на регионот на Западен Балкан со земјите од Европската унија, преку креирање синергија меѓу светот на политиката со граѓанските општества и бизнис круговите, што е всушност и основната цел на КИФ. Процесот на пристапување на земјите од регионот на Западен Балкан кон ЕУ треба да биде процес на инклузивно проширување, кое треба да обезбеди овие држави да ги согледаат придобивките од европската интеграција уште пред формалното зачленување. За таа цел, учеството на овогодишниот Самит е од особено значење за земјите - членки на КИФ.

Во рамките на Самитот предвидено е да се реализираат многубројни настани, панел-дискусии, бизнис форуми и билатерални средби со претставници од владиниот и невладиниот сектор и бизнис заедниците од 16 земји-учеснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Полска, Словенија, Италија и Велика Британија.

Овој настан претставува прв чекор за идна соработка меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и Полска пред се`, но и продлабочување на соработката, проширување и развој на компаниите, со бизнис секторот од останатите земји-учеснички, членки на Европската унија.

На овогодишниот Бизнис форум главен акцент ќе се стави на дигиталниот и ИТ-секторот, прехранбениот и земјоделскиот сектор и енергетиката, но поради големината на настанот, добредојдени се компании и од сите останати сектори.

Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават бесплатно на „on-line“ платформата за билатерални средби, на следниот линк: http://www3.paiz.gov.pl/Western_Balkans_Summit/.

м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија