ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
15.07.2019
Семинар
КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА И КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница на тема:

КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА И КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА, КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР, ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, НЕВАЛИДНИ ОДРЕДБИ ВО ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ, ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

15.07.2019 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 15 јули 2019, организира еднодневна работилница на тема: „Конкурентска забрана и конкурентска клаузула, карактеристики на менаџерскиот договор, постапка за измена на договорот за вработување, невалидни одредби во договорот за вработување, обврски на договорните страни, престанок на работниот однос“ во насока на разработување и анализа на некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од работниот однос.
При тоа, ќе се понуди одговор на сите прашања поврзани со конкурентската забрана и конкурентската клаузула, ќе се разгледаат опциите за измена на постоечки договор за вработување и ќе се направи осврт на генералните обврски на договорните страни низ призмата на нивната правна регулираност и практична примена.

Особено ќе се дискутира на темата на менаџерските договори во Македонија, како тие се регулирани и колку е правилна нивната примена. Конечно, детално ќе се разговара и за престанокот на работниот однос и правата и обврските при таквиот престанок.

На еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните да стекнат практични вештини за правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, при што акцент ќе биде ставен на дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, а сé во насока на поголема правна заштита и сигурност.

ПРОГРАМА

I. КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА
- Законска забрана за конкурентско дејствување;
- КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА;
- Договорна забрана за конкурентско дејствување;
- Надоместок за почитување на конкурентската клаузула;
- Престанување на конкурентската клаузула;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

II. ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
- Измена на договорот за вработување со Анекс кон Договорот;
- Нов договор за вработување;
- Невалидни и ништовни одредби во договорот за вработување
- Преглед на законски одредби;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
- Обврски на работникот;
- Обврски на работникот во врска со вршење на работата;
- Почитување на упатствата на работодавачот;
- Почитување на прописите за заштитата при работата;
- Обврска на известување;
- Забрана на штетно однесување;
- Обврска на чување на деловна тајна;
- Обврски на работодавачот;
- Обезбедување на работа;
- Обврска за плаќање за вршење на работата;
- Обврска за обезбедување на безбедни работни услови;
- Обврска за штитење на личноста на работникот;
- Заштита на личните податоци на работникот;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

IV. КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР
- Менаџерскиот договор во македонското законодавство и пракса;
- Специфични карактеристики и елементи;
- Како до правилно составен менаџерски договор;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

V. ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
- Начини на престанување на важноста на договорот за вработување;
- Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време;
- Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот, односно работодавачот (физичко лице);
- Престанување на важноста на договорот за вработување поради   поведување постапка за престанок на работодавачот;
- Раскинување на договорот за вработување со спогодба;
- Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот;
- Дозволеност, форма и содржина и врачување на отказ;
- Основани и неосновани причини за отказ;
- Понуда на нов променет договор пред отказ;
- Постапка и откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот;
- Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски;
- Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок;
- Отказни рокови: минимални отказни рокови, течење на отказен рок, паричен надоместок наместо отказен рок;
- Права и обврски на страните за време на отказниот рок;
- Други основи за престанок на договорот за вработување.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

Предавачи:

- Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, меѓу кои ICSID при Светската банка во Вашингтон и Европскиот суд за човекови права - ECHR. Член на Постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP-програмата на Советот на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството; и

- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 11.7.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје