23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.09.2016


Актуелно  

РЕАЛИЗИРАНИ И БЕСПЛАТНИТЕ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА како ефикасен начин на решавање на споровите со предавања во Прилеп и Битола


На 2-ри септември во Прилеп и на 3-ти септември во Битола, Стопанската комора на Македонија продолжи со организација и реализација на семинарите за медијација како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од овие градови и региони. На овие семинари кои беа продолжение на агендата на Комората за неколку месечна презентација на медијацијата беа апострофирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во нашата земја согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети, како и се даде осврт и на медијацијата во работните спорови, и заштитата на потрошувачите во постапката за медијација. Како и на претходно реализираните семинари во Штип, Кавадарци, Кичево и Охрид, така и сега од сите дискусии на учесниците произлегуваат и одредени дилеми кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација. Стопанската комора на Македонија од сите забелешки дадени од учесниците е подготвува информација до носителите на законските решенија со цел разјаснување на процесите а се со цел целосна поддршка и поголема апликативност на медијацијата. Оваа комплетна информација до релевантните институции Комората ќе ја достави на 14 септември по завршување на првиот циклус на семинарите за медијација, најнапред до Министерството за правда и Министерството за финансии бидејќи забелешките ги задираат некои од законите за кои се надлежни токму тие министерства и низ конструктивна соработка каква што постојано Комората и има со министерствата,  ќе се насочиме кон пронаоѓање на соодветни решенија.

Инаку, Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката.

Оттука, согласно потребите на компаниите од една страна како, и заради поголема афирмација на оваа ефикасна алатка, од друга страна, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвара и канцеларија во која ќе се вршат медијациите со лиценциран медијатор согласно Законот за медијација.

Како пристапи Комората во овој процес? Со цел најпрво да се информираат компаниите и за законските измени на Законот за парнична постапка  кои се поврзани за медијацијата, за текот на постапката на медијацијата, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни и да се поттикне користењето на доброволната медијација, Стопанската комора на Македонија започна со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Така, првите семинари за промоција на медијацијата беа одржани на 1-ви и 2-ри јули во Штип, односно Кавадарци пред голем број на компании од тие региони. Потоа продолживме со семинарите во Кичево и Охрид, а последните бесплатни семинари се реализира на 2-ри септември во Прилеп и 3-ти септември во Битола. Заокружувањето на првиот циклус на семинари ќе биде со одржување на семинар во Скопје, во Стопанската комора на Македонија на 14-ти септември 2016 година. Исто така со цел активно вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес на поддршка на медијацијата, Стопанската комора на Макеоднија на 15.07.2016 година формираше посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани медијатори, вклучени се експерти со познавање од оваа област, компании и други институции кои ќе работат на искористување на бенефитите од оваа алатка.

Како информација наведуваме дека со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП  според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од 1-ви февруари 2016 година.

Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација.

Со формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија ќе продолжат сите активности за промоција и поддршка на медијацијата преку разни начини, алатки и облици на промоција и тоа за сите фирми (и членки и нечленки на Комората) и за сите заинтетесирани страни во РМ.

Повеќе информации во врска со Медијацијата можете да добиете во Комората на тел. 02/3244031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева.

д-р Јелисавета Георгиева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права