23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

23.07.2018


Актуелно  

ВРЕМЕ Е НОСЕЊЕТО НА ЗАКОНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ДА СТАНЕ ИСКЛУЧОК


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Процесот на усвојување на закони служи за постигнување на една многу важна цел – а тоа е да се слушнат ставовите, мислењата и предлозите на сите засегнати страни. Изразот засегнати страни не е празна флоскула, поле кое треба да биде пополнето во формуларите кои се задолжителни во процесот на подготвување на законите, туку реални субјекти, страни на кои овој пропис кој се донесува или менува најдиректно ќе има ефекти и кои ќе треба да постапуваат согласно тоа што ќе биде регулирано.

Скратената постапка, во суштина значи редуцирање на потребните дејствија во процесот на предлагање на законот, што во реалноста најчесто значи дека бизнисот дознава дека ќе се менува некој пропис од медиумите, кога веќе текстот на предлогот ќе биде доставен во Собранието (а неретко станува збор за промени кои имаат сериозни импликации или кои воведуваат големи промени). А тоа за жал, во изминатите години се случуваше премногу често – само во 2015 година по скратена постапка биле разгледани и донесени 340 закони, или дури 56% од вкупниот број на донесени закони таа година, во 2016 во ваква постапка биле донесени 238 закони, или 65% од вкупниот број на закони, а трендот продолжува и во 2017 – иако бројките се значително намалени, просекот останува - од 42-та донесени закони, 57%, или вкупно 24 закони биле донесени по скратена постапка.

Зошто е ова важно? Затоа што широките јавни расправи и обезбедувањето прилики да се слушне ставот на повеќе страни, иако во моментот ќе значи подолго траење на постапката за донесување на тој пропис, долгорочно носи значително големи придобивки. Практиката ни покажа дека носењето на законите набрзина значи нејаснотии и недоследности во самиот текст на прописот, но многу често носи и одредби што се практично неприменливи, што со себе повлекува процеси на повторно менување и дополнување на тие закони, и така во недоглед. Затоа, време е носењето на закони по скратена постапка да стане многу, многу редок исклучок, и да се остави простор гласот на бизнис заедницата да биде слушнат во процесот на донесување на законите!

П.С. По сé изгледа дека државата реши да го надомести заостанувањето во реализацијата на капиталните инвестиции со интензивирањето на работата на мостовите на патот кон Охрид во сред туристичка сезона – без да води сметка дека километарските колони кои се создаваат за толку ќе го намалат туристичкиот промет во Охрид, а за другите последици и да не зборуваме.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права