19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.02.2018


Актуелно  

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА УТРЕ ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖИ 96-ГОДИШНИНАТА


Почитувани,

Стопанската комора на Македонија во целокупното опстојување и работење заедно со своите респектирани и значајни компании-членки, ја изгради и ќе продолжи да ја гради позицијата на најголема, најуспешна, највлијателна и најпочитувана бизнис-асоцијација во државата.

Денес, таа е препознатлива куќа на бизнисот, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот. Држењето настрана од политиката ќе продолжи да биде суштинска потреба за најоптимално извршување на коморската функција.

Со над 11.000 претставници на фирми - учесници на коморските настани, над 17.000 издадени документи, преку 200 бизнис-настани, над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 прес-конференции, на годишно ниво, Стопанската комора на Македонија претставува вистински репрезент на интересите на деловната заедница.

Нејзината големина, успех, влијание и почит во домашното и меѓународното опкружување го создаваат токму компаниите-членки, кои со своите иницијативи, активности, барања, но и потреби за вмрежување, преку Комората ќе дејствуваат и здружено ќе се соочуваат со сите предизвици за водење бизнис во особено тешки времиња, како што се денешниве.

Како и досега, Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе биде главниот поддржувач во напорите за натамошен раст и развој на бизнисот, со кој  успешно ќе ја дочека и ќе ја прослави 100-годишнината од коморското постоење и дејствување, раководејќи се од слоганот: со членството моќни – во визиите истрајни!

Одделение за информирање











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права