ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ДДВ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И УВОЗНИЦИТЕ НА КАФЕ

   

👁 Прочитано: 320


ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ДДВ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И УВОЗНИЦИТЕ НА КАФЕ

РИО КАФЕ е основана во 1991 година. Комбинирајќи ја италијанската традиција со напредната технологија, искусниот работен тим успеа во изминатиот период да се профилира како лидер во својата област, создавајќи водечки производи на пазарот на кафето. Со спојување на квалитетот, современата технологија и врвниот дизајн, како и потребите на потрошувачите, успеа да создаде единствени препознатливи производи од кафе. Компанијата РИО КАФЕ денес е лидер во преработка и продажба на кафе на македонскиот пазар, со амбиција за збогатување на својата понуда и проширување на пазарот. Таа ги следи светските трендови на производството на кафе и постојано вложува во врвна најсовремена италијанска технологија. Благодарение на обработката и современиот систем на пакување, кој е целосно еколошки, производите на РИО КАФЕ секогаш ги задржуваат својот оригинален вкус и свежина.

Високата стапка на ДДВ на суровината (18%) и 5% царина при увоз на суровината, наспроти само 5% ДДВ при увоз на кафе од Европската унија без царински давачки, е сериозен проблем во работата на компанијата и ја прави неконкурентна на домашниот пазар. Потребно е, смета Кирил Андоновски еден од првците луѓе во РИО КАФЕ, да се изедначи стапката на ДДВ со што производителите и увозници на кафе би се ставиле во рамноправна положба на пазарот. Компанијата е подготвена за дополнителни инвестиции но проблем е и немањето попис на население и недостаток на релевантни бројки за големината на пазарот.

ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ДДВ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И УВОЗНИЦИТЕ НА КАФЕ

Во фирмата  Рио Кафе, Центарот за квалитет при Стопанската комора на Македонија го имплементираше Системот за анализа на критични контролни точки - HACCP, кој  континуирано се одржува и унапредува, и е под редовен мониторинг на АХВ. Во разговор со генералниот директор Кирил Андоновски, кажано е дека истиот е солидна основа за воведување и на интернационалниот стандард ISO 9001.

Васко Ристовски