Online Бизнис средби 27.07.2020 - 30.07.2020 Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ

Мостар, Босна и Херцеговина

Стопанската комора на Македонија во соработка со ИНТЕРА-Технолошки парк, Мостар, БиХ, со поддршка од Европската претприемачка мрежа (ЕЕН), Ве поканува да земете учество на претстојниот „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020.

Во потрага сте по нови клиенти, добавувачи или партнери од БиХ и регионот на Западен Балкан? Проширете ја Вашата деловна мрежа преку учество на тридневни мини онлајн конференции и Б2Б средби и тоа на: 28 јули 2020 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, 29 јули 2020 година (среда) со почеток во 10:00 и на 30 јули 2020 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.

CONNECTO 2020 претставува платформа за вмрежување меѓу бизнис дијаспората од БиХ и претприемачи од БиХ и регионот на Западен Балкан со една цел:

- Извоз на производи и услуги на глобален пазар;
- Креирање на нови и добро платени работни места;
- Креирање на иновативни производи и решенија;
- Обезбедување на нови можности за младите и
- Максимизирање и искористување на потенцијалот на пазарот на трудот во БиХ.

Настанот е наменет за услужните дејости од следните сектори:

 1. ИКТ и телекомуникации;
 2. Производи и полупроизводи од метали, дрво и пластика;
 3. Инженериг, проектирање и консалтинг;
 4. Градежна индустрија;
 5. Индустриски и градежни алати и машини;
 6. Производство на вино, земјоделие и прехрана и
 7. Туризам, спорт и рекреација. 

Учеството на настанот е бесплатно. Со пријавување на „онлајн“-платформата, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници, по што сами ќе можете да ја креирате својата агенда и да ги договорите билатералните состаноци.  Официјални јазици на настанот се босански, хрватски и српски. 

Виртуелниот настан ќе се одржи во периодот од 28-30 јули 2020 година. Рокот за пријавување е до 30 јули 2020 година (четврток), на следниот линк:  https://connecto-2020.b2match.io/signup

Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: компјутер или мобилен телефон со функционална камера и микрофон. Вашите состаноци ќе се одвиваат преку веб Б2Б платформата, без потреба од дополнителен софтвер.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://connecto-2020.b2match.io/.


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

М-р Нена Николовска
++ 389 2 3244054

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 24.08.2020
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Семинар, 26.08.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“