КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА” АД ПРИЛЕП ПРЕПОЗНАЕН И НА ЈАПОНСКИОТ ПАЗАР
➢ Актуелно (14.09.2020)
👁 Прочитано: 1055



КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА” АД ПРИЛЕП ПРЕПОЗНАЕН И НА ЈАПОНСКИОТ ПАЗАР

„Витаминка” АД Прилеп, како висококонкурента прехранбена компанија, своите производи ги извезвува во повеќе од 30 земји во светот, а за квалитетот на нивните производи говори и остварениот извоз на Јапонскиот пазар, кој е познат по своите високи квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики, за чие задоволување  прехранбените компании треба да поседуваат  високо развиена производствена технологија. Од својата производствена палета „Витаминка” во Јапонија, го испорача првиот контејнер на „Карамел бисквит”, кој е нивен оргинален бренд, а воедно е соодветно адаптиран на јапонските стандарди. Активностите за пласман продолжуваат со подготовка на нови производи за овој пазар.

Компанијата отпочна со подготовка за извоз на свои производи на јапонскиот пазар, пред пандемијата предизвикана од корона вирусот, а по деталното истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренција и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија и саемите низ светот.

„Витаминика” АД Прилеп е членка и Премиум покровител на Стопанската комора на Македонија, како најбројна и најстара бизнис асоцијација во нашата држава.

Служба за информирање при Комората