ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД ДОМАШНОТО ЖИВИНАРСТВО НА СТАБИЛНА ОСНОВА
👁 Прочитано: 5316



ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД ДОМАШНОТО ЖИВИНАРСТВО НА СТАБИЛНА ОСНОВА

ВЕТЕРИНАР експорт – импорт, Живинарска Фарма - Гевгелија е компанија основана со 100% домашен капитал, која во континуитет работи од 1990 година, постојано надградувајќи ја својата главна дејност - производство на свежите конзумни јајца од нашироко познатиот бренд „Домашно јајце“.Со секој нов ден оваа компанија се стреми кон повисоки цели и спроведување на нови технологии кои ќе го потпомогнат процесот на производство и ќе придонесат кон создавање на уште поквалитетен производ. Резултат на ова е воведувањето на HACCP стандардите и секојдневното инвестирање во нивното подобрување. а остварување на овие и други секојдневни и долгорочни задачи се грижи производствениот, економски и правен тим, составен од дипломирани агрономи, ветеринари, економисти, правници итн., кој е 24/7 достапен за своите потрошувачи, доставувачи и сите останати заинтересирани страни.

Производственот процес во компанијата започнува од денот на увозот на еднодневните пилиња, а продолжува со нивното одгледување и грижа преку најсовремени начини на работа и изготвувањето на најдобрата храна, базирана на рецептурите на искусните ветеринарни доктори, кои стојат на раполагање 24/7. По процесот на одгледување на еднодневните пилиња во кокошки несилки, истите се преместувааат во соодветни капацитети каде се произведува квалитетното конзумно јајце од брендот „Домашно јајце“.

ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД ДОМАШНОТО ЖИВИНАРСТВО НА СТАБИЛНА ОСНОВАИ покрај тоа што во процесот на производство се користат HACCP стандардите, крајниот производ се испитува во лабораториите на Ветеринарниот Факултет Скопје, за потврдување на неговата безбедност за исхрана. По производството на „Домашното јајце“ продажбата и дистрибуцијата на истото се препушта во рацете на искусниот економски и правен тим, кој во симбиотски процес со дистрибутерите и клиентите го донесуваат финалниот производ до трпезите на секој потрошувач.

Денес, состојбата во живинарството е стабилна, смета сопственикот на компанијата Вили Кичуков. Со законската измена и можноста за извоз, добар дел од проблемите на овој сектор се решија. Иако повремено доаѓа до нарушување на пазарот, како резултат на увозот на јајце од соседството, домашните компании остануваат стабилни снабдувачи на домашниот пазар со свежо конзумно јајцо согласно стандардите за здрава и безбедна храна.

Васко Ристовски