Семинар / 28.01.2020

OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА, КАКО И ПОЈАСНУВАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ВОДЕЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК И ВОДЕЊЕ НА ОСТАНАТИ ПОВРЗАНИ ДЕЛОВОДНИ КНИГИ

28.01.2020 година (вторник)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на отварање на нови броеви во деловодник, отварање на попис на документи како придружна книга на деловдникот заради олеснување на заведувањето на поголем обем на документи кои се создаваат при работењето, поврзување на броеви кои заостанале од минатата година незавршени или не одговорени и слични проблематики кои би произлегле на почеток на годината при отварање на деловодникот и останатата пропратна документација, начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување.

Програма на семинарот:

• Закон за архивски материјал;
• Помошна евиденција во канцелариското работење;
• План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
• План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
• Прегледување и распоредување на документи и записи;
• Составување комисија за избор и ништење на документи;
• Распоредување документи по интерни доставни книги;
• Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
• Одлагање решени документи во архива;
• Евидентирање на архивскиот материјал;
• Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал во  соодветен   простор и стандардна опрема;
• Сопствена евиденција во процес на архивирање;
• Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
• Правилна класификација и рокови на чување на документација;
• Организација и надзор на документиран систем;
• Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во   канцелариското и архивското работење
• Уредба за канцелариско и архивско работење;
• Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
• Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Целна група за семинарот:

-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:
- м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23.01.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 25.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина