Семинар / 13.09.2019

ОБВРСКА И КРАЕН РОК ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ, ПРИМЕНА НА МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница на тема:

ОБВРСКА И КРАЕН РОК ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ, ПРИМЕНА НА МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ

13.9.2019 година (петок)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 13 септември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Обврска и краен рок за исплата на дивиденда, распоредување на финансиски резултат, примена на менаџерски договори“ во насока на практична подготовка на трговските друштва за пресметката и начинот на исплата на дивиденда, како и нејзиниот даночен и сметководствен третман, а во пресрет на крајниот рок за исплата на одобрената дивиденда, кој рок за 2019 година истекува заклучно со 30.09.2019 година.

Дополнително, согласно законската регулатива и меѓународните сметководствени стандарди (МСС), даночниот обврзник има законска обврска да води деловни книги. Евиденцијата е од исклучителна важност доколку се земе предвид дека оданочувањето се темели на податоците од сметководствената документација. Во таа насока, оваа работилница ќе направи преглед и на законските обврски за водење на сметководство и трговски книги, составување годишна сметка и финансиски извештаи, распределба на добивка, покривање на загуба и издвојување на резерви.

Конечно, ќе се анализира и примената на менаџерските договори во македонското законодавство и ќе се направи осврт на нивните главни карактеристики, со особен акцент на утврдувањето на учеството во добивката на друштвото.

ПРОГРАМА

I. ОБВРСКА ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

- ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО И ТРГОВСКИ КНИГИ
  • Законска регулатива;
  • Обврска за водење сметководство;
  • Класифицирање на трговците;
  • Водење на трговските книги;
  • Чување на трговските книги, на сметководствените документи, годишните сметки и финансиските извештаи.
- СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
  • Годишна сметка и финансиски извештаи кај мали, средни и големи субјекти;
  • Годишна сметка во случај на статусни промени;
  • Обврски за објавување на годишната сметка/финансиски извештаи кај посебни субјекти;
  • Консолидирани финансиски извештаи;
  • Ревизија на финансиски извештаи.
  • Практични примери и дискусија.

II. РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКА, ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА И ИЗДВОЈУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИ

  • Распределба на добивка;
  • Покривање на загуба;
  • Пренос на даночна загуба од минати години;
  • Задолжителни и посебни резерви.
  • Практични примери и дискусија.

III. ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

- КРАЕН РОК ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА;
  • Пресметка на дивиденда, начин на исплата и сметководствен и даночен третман;
  • Авансна дивиденда;
  • Задржан данок при исплата на дивиденда на странски правни лица;
  • Практични примери и дискусија.

IV. МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ

  • Менаџерскиот договор во македонското законодавство и пракса;
  • Специфични карактеристики и елементи;
  • Разлика помеѓу менаџерски договор и договор за вработување;
  • Учество во добивката на друштвото како елемент на менаџерскиот договор;
  • Како до правилно составен менаџерски договор;
  • Практични примери и дискусија.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 10.9.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција