23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.08.2018


Ставови  

ВРЕМЕ Е ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ ЗА КОРПОРАТИВНОТО УПРАВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Пазарот на капитал треба да биде една од движечките сили на пазарните економии, и истиот треба да обезбедува ликвидност на националната економија, остварување профитабилност и овозможување проширена репродукција во областа на производството и прометот, како и сигурност при пласирањето на слободниот капитал. Во нашата законска регулатива, лицето кое сака да стекне повеќе од 25% од хартиите од вредност со право на глас издадени од определено акционерско друштво (да достигне контролен праг за преземање) должно е претходно да даде понуда за преземање, согласно одредбите на Законот за преземање на акционерските друштва.

Во најголемиот број на европските законодавства овој праг за преземање е поставен на 30% од хартиите од вредност со право на глас (вклучувајќи ги на пример Германија,  Австрија, Обединетото Кралство, Финска и Шпанија), па во определени законодавства достигнува дури и 1/3 од хартиите од вредност со право на глас (Норвешка, Грција, Романија).

При тоа, треба да се разграничи што е целта на постапката за преземање на акционерски друштва (која патем, се базира на европската Директива 2004/25/ЕЗ) – да се обезбеди јавност и транспарентност во процесот на преземање на акционерски друштва, така што ќе се обезбеди заштитата на малцинските акционери во таа постапка, преку нивен рамноправен третман, на начин што секој акционер што е заинтересиран би можел под еднакви услови да ги продаде своите акции во ситуација кога некој се стекнува со контрола во друштвото, а не кога  хипотетички би можело да се стекне со преовладувачко влијание во акционерското друштво (ова од причина што доколку биде објавена понуда за преземање, понудувачот е должен да ги откупи сите акции од лицата што ќе дадат изјава за прифаќање на понудата за преземање, сé до прагот од 75% од хартиите од вредност со право на глас). Впрочем, во Германија, на пример, со релевантното законодавство воопшто не е уреден праг за кворум на работа на собранието на акционерското друштво, а сепак прагот за преземање е уреден на повисоко ниво отколку во нашето законодавство.

Затоа, во Стопанската комора на Македонија поднесовме иницијатива, постапката за преземање на акционерските друштва да биде регулирана согласно добрите практики од европските законодавства, и прагот за преземање на акционерско друштво да биде подигнат, така што истиот би изнесувал 30% од хартиите од вредност со право на глас. Сметаме дека ваквата промена ќе придонесе за раздвижување на пазарот на капитал во земјата, и унапредување на стандардите за доброто корпоративно управување.

п.с. Народната Банка на Република Македонија покажува дека е на висината на задачата за поддржување на економската политика и финансиската стабилност на земјата -  продолжувањето на трендот на намалување на основната каматна постапка е за поздравување, од причина што ваквиот потег треба да придонесе за обезбедување на засилена поддршка за инвестициските активности на реалниот сектор, кои полека почнаат да добиваат на интензитет.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права