23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

22.10.2018


Ставови  

СТАВ: КОНЕЧНО СТАРТУВА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН


Branko AzeskiБранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум

Досегашните изнесени ставови во изминатите месеци во најголем дел беа иницијативи на Стопанската комора на Македонија, кои во годините наназад беа испраќани до Владата на Република Македонија, и сé уште се заглавени во административните лавиринти, чекајќи го светлото на денот. Во наредниот период, започнувајќи со денешната објава, фокусот ќе го поставиме регионално, низ призмата на дејствувањето на Коморскиот инвестициски форум.

http://www.mchamber.mk//upload/komora.png     http://www.mchamber.mk//upload/kiflogo.png

Една од клучните поенти на еден од „татковците на Европската Унија“ Жан Моне е дека зад различностите и географските граници лежи заеднички интерес – и токму оваа поента ни беше водечка мисла кога започнавме со интензивирање на заедничката соработка со претседателите на останатите пет комори од Западен Балкан. Впрочем, историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите. Неспорно е дека постојат многу заеднички економски интереси на државите од Западен Балкан, а бизнисот многу брзо тоа може да го валоризира во подобри економски перформанси во секоја од државите и подобар животен стандард.

Идејата за зајакнување на регионалната соработка доби своја реална имплементација во 2015 година, кога нашиот ентузијазам беше препознаен и валоризиран од канцеларката Ангела Меркел, која директно преку Берлинскиот процес даде поддршка за основањето на Коморскиот инвестициски форум.

Речиси три години подоцна, ме радува што можам да речам дека првите резултати од заедничкиот подвиг се на повидок. Коморскиот инвестициски форум на регионално, но и на светско ниво, веќе е препознаен како клучниот чинител за постигнување на целите на регионална економска интеграција на Западен Балкан, активно работи канцеларијата на Генералниот секретаријат во Трст, во завршна фаза се активностите за отворање на регионалната канцеларија во Подгорица, обезбеден е стручен кадар, и обезбедени се фондови од кои финансиски ќе се поддржуваат активностите на КИФ во идниот период. Со претседателите на коморите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора имам речиси секојдневна комуникација, како за разрешување на отворените прашања за нашите бизнисмени, така и за заедничките активности и проекти што регионот ќе го направат поатрактивен за инвестиции и трговија.

Веќе оваа недела ќе имаме заедничка средба во Црна Гора, на која учество ќе земе и австрискиот канцелар Себастијан Курц, а до крајот на годината агендите ни се веќе исполнети со планирани активности за започнување на имплементацијата за регионалните проекти, кои ќе се реализираат со поддршка од Европската комисија, Германија, Австрија и Јапонија. Прашањата за регионалната соработка ни се помеѓу приоритетните активности, и затоа, започнувајќи од оваа недела, објавите ќе ги пишувам и од својството на заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум.

п.с. Најискрени честитки до редакцијата на „Слободен печат“ за петтиот јубилеј, веќе одамна си го заслужи своето место на пазарот. Вистинска чест и задоволство ми е што и скромните редови од моите објави веќе неколку месеци наоѓаат свое место на страниците на понеделничкото издание, и што на тој начин и „Слободен печат“  активно се вклучува во активностите на ЕУ за унапредување на регионалната економска соработка на подрачјето на Западен Балкан.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права