17.10.2017 (Работилница)
НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО - БРЕНД 2.0

17.10.2017 (Настан)
AUSTRIAN BUSINESS CIRCLE - 17 октомври 2017

17.10.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

18.10.2017 (Семинар)
ПРЕДНОСТ НА ДОГОВОРИТЕ СО ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРЕНОТО

18.10.2017 (Семинар)
КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

19.10.2017 (Семинар)
ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

19.10.2017 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ- ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ, КОУЧИНГ И КОНТРОЛА -

19.10.2017 (Семинар)
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА НОРМИРАН УЧИНОК, ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ

24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

27.06.2016


Соопштенија  

ИНФОРМАЦИЈА - СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ НА ТЕМА: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“


Препорачани обрасци за започнување на постапка за медијација

* Образец барање за спроведување на медијација

* Полномошно за застапување во медијацијата

Листа на лица кои согласно членот 46 ставови 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на РМ број 188/13, 148/15, 192/15, 55/16) го положиле испитот за медијатори и на кои им е издадена Лиценца за вршење на медијаторски работи, и кои можат да вршат медијаторски работи согласно член 68а, став 1 од Законот за медијација (Службен весник на РМ број 188/13, 148/15, 192/15, 55/16):  Превземи тука.

Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП  според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од февруари 2016 година.

Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија - Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација.

Динамиката на бизнисите, трендот на интензивно намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста, технолошките придобивки со можности за моментален трансфер на информации, мобилност во сите сегменти од живеењето, ја наметнуваат потребата да се надмине традиционалното водење на судските постапки и да се бараат нови начини за ефикасно разрешување на споровите и конфликтите преку иницирање постапки со ефикасни начини на решавање на споровите како што е медијацијата.

Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката, што не е случај во најголем дел од споровите кога се води јавна судска постапка.

Оттука, согласно потребите на компаниите, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, започнува со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведува поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките, согласно горенаведените одредби. Со цел најпрво да се информираат компаниите за законските измени на ЗПП, текот на постапката за медијација, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи - лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација, за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“.

Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите:

 Датум 

  Место 

 Час

 1 јули 2016 година (петок) Хотел „Оаза“ - Штип  10:30-14:00
 2 јули 2016 година (сабота)„Кожувчанка“ ДОО - Кавадарци  10:30-14:00
 8 јули 2016 година (петок) Хотел „Арабела“ - Кичево 10:30-14:00
 9 јули 2016 година (сабота)  Мала сала во зградата на Општина Охрид  10:30-14:00
 2 септември 2016 година (петок)  Хотел „Салида“ - Прилеп 10:30-14:00
 3 септември 2016 година (сабота)  Хотел „Милениум“ - Битола  10:30-14:00
 14 септември 2016 година (среда)  Стопанска комора на Македонија  10:30-14:00


ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ:
* Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата);
* Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи:
   - Медијабилни предмети - предмети погодни за медијација;
   - Медијацијата согласно Законот за изменување и дополнување на  Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015);
   - Медијацијата во работните спорови – решавање на работните спорови според Законот за медијација и Законот за мирно решавање на работните споровите;
   - Надомест на штета и медијацијата;
   - Заштита на потрошувачите во постапка за медијација;
   - Придобивките од медијацијата.

ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на сектор за човечки ресурси...

Контакт:
д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
тел: 02 32 44 030
Е-адреса: jelisaveta@mchamber.mk
                       
Со цел планирање на бројот на учесниците заради навремено и професионално организирање на семинарите, пријавувањето на учесниците е задолжително.

             * Одржани семинари за медијација во Штип (01.07.2016 година) и Кавадарци (02.07.2016 година)

             * Одржани семинари за медијација во Кичево (08.07.2016 година) и Охрид (09.07.2016)

               * Формирана Асоцијација за поддршка на медијацијата (15.07.2016)

               * Одржани семинари за медијација во Прилеп (02.09.2016 година) и Битола (03.09.2016)

              * Промоција на активностите на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ)
                - Промовирана брошура за популаризација на Медијацијата под мотото: промоција - афирмација
                - успех и промовирана веб-страната на Асоцијацијата
(www.apm.mk)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Скопје (14.09.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Велес (01.11.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Гевгелија (03.11.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Куманово (16.11.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Тетово (17.11.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Струмица (30.11.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Виница (01.12.2016 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Скопје (24.01.2017 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Скопје (21.02.2017 година)

               * Одржан бесплатен семинар за медијација во Скопје (21.03.2017 година)

               * Стопанската комора на Македонија домаќин на Регионалната конференција - МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ (26.4.2017)











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права