20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20.09.2018 (Бизнис средби)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

25.09.2018 - 25.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ


 

Еднодневен семинар на тема:

5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
25.9.2018 година (вторник)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

         Стопанската комора на Македонија, на 25 септември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: 5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ -  ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ.

Цел на семинарот:

Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на техниките „5 ЗОШТО“ и „ДИЈАГРАМОТ РИБЈА КОСКА“  и создавање навика да со примена на овие техники, се размислува не само процесно туку и систематски, со што се овозможува да се добие пошироката слика за работата. Доколку се констатира грешка, најпрвин потребно е да се разбере интеракцијата помеѓу сите причинителни кои довеле до истата, да се анализираат поединечно и да се пронајдат меѓусебните врски со што ќе се оневозможи нивно дополнително преплетување. Доколку не се користи сисематски пристап за анализа на некое случување/проблем, можеме да се добие погрешна слика и да се детектираат причинители кои не се клучни, да се потроши време и ресурси на нивно отстранување и за кратко време да се повтори истиот проблем и целата ситуација. Секундарната цел се однесува на оние кои веќе ги користат технологиите „5 ЗОШТО“ и „ISHIKAWA“ за анализа на клучни причинители, а немаат резултат од овие анализи во согласност со очекуваното, т.е и покрај примената на овие техники, клучните причинители им бегаат од фокусот и тогаш е потребно да се открие постоењето на некоја “систематска грешка“ кај нивното применување.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите оние кои се вклучени во процесите на управување со компанијата, односно управители, директори (членови на топ и среден менаџмент) и сите вработени лица кои се вклучени во анализа на неусогласености, членови на тимови кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењетo.
Овој семинар е препорачлив и за компании во кои не постојат тимови за аналитика на неусогласености во работењето, со цел да се види на кој начин би можеле да се намалат трошоците на ресурсите пред се материјалните, кои најчесто не се искажани во финансиските биланси, а се основна препрека за поголема ефикасност т.е продуктивност.
 Генерално, доколку можете да се препознаете во некои од доле наведените ситуации (проблеми) тогаш овој семинар е добра прилика да ги научите основните принципи на Анализа на клучни причинители ( Root Cause Analysis), кои влијаат на појава на проблеми т.е доведуваат до тоа да немате излез во процесот во склоп со планираните цели:
- Ви се појавува неусогласеност (одстапувања, грешки во квалитетот, каснење во испораката, неточни резултати итн), а неможете да го воочите клучниот причинител;
- Иста ситуација (проблем) ви се појавува постојано иако сте направиле “се како треба“;
- Квалитетот на производот варира, а Вас не ви е јасно зошто тоа се случува;
- Продажбата Ви опаѓа, а не знаете која е причината;
- Логистиката постојано доцни со испораката;
- Набавката на материјалите често доцни, а сте направиле  “се како треба“;
- Ги барате причинителите на проблемите на погрешно место;
- Иако користите некои техники за Root-Cause анализа, клучниот причинител секогаш го пропуштате.

Содржина  на семинарот:

1. ПРОЦЕСЕН И СИСТЕМАТСКИ ПРИСТАП
1.1. Дефинирање на процесот;
1.2. 7М ресурси на процесот;
1.3. Поим за варијација на процесот по „Six Sigma“ методологија;
1.4. Што се подразбира под Квалитет на процесот;
1.5. Што се тоа “клучни причинители“- „Pareto правило“ и „Six Sigma“ принцип;
1.6. Основни чекори на Анализа на причинители за последици (Root-Cause Analysis) по  „Six Sigma“ методологија.

2. BRAINSTORMING
2.1. Поим, причина и целта на „Brainstorming“ техника;
2.2. Основни принципи на „Brainstorming“ техника;
2.3. Чекори и примена на „Brainstorming“ техника.

3. „5 ЗОШТО“ (5-WHYS)
3.1. Поим, причина и целта на „5 ЗОШТО“ (5-WHYS);
3.2. Основни принципи на „5 ЗОШТО“ (5-WHYS);
3.3. Што е “систематска грешка“ во дизајнирање и управување со процесите;
3.4. Процесен и систематски пристап на „5 ЗОШТО“ (5-WHYS) – 3Д модел;
3.5. Смерници при спроведување на „5 ЗОШТО“ (5-WHYS);
3.6. Чекори на „5 ЗОШТО“ (5-WHYS);
3.7. Пример на една „5 ЗОШТО“ (5-WHYS) анализа.

4. FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ
4.1. Поим, причина и целта на „FISHBONE / ISHIKAWA“ – „РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ“;
4.2. Основни принципи на „FISHBONE / ISHIKAWA“ – „РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ“;
4.3. Како да се примени „5 ЗОШТО“ на „FISHBONE / ISHIKAWA“ – „РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ“;
4.4. Насоки и чекори при спроведување на „FISHBONE / ISHIKAWA“ – „РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ“;
4.5. Пример на еден „FISHBONE / ISHIKAWA“ – „РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ“.

Предавач:

- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
работен материјал;
ручeк и освежување;
сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Рок за пријавување: 21.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права