23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис Центар за тренинг и обука

Бизнис центар за тренинг и обука

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

МОДУЛИ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

Акредитирани програми од
Министерството за образование и наука на Република Македонија

Образование на возрасните е дел од системот на образование кој обезбедува доусовршување, оспособување, добивање дополнителна квалификација или преквалификување по програми и на начин прилагоден за возрасните лица. Системот за образование на возрасните е акредитиран, јавно признат сертификационен систем од Република Македонија со кој се добиваат национално признати сертификати кои ги докажуваат добиените стручни компетенции од одредена област. Сите програми се состојат од теоретски и практичен дел. Предавањата  се следат во посебно опремени простории во Стопанската комора на Македонија во Скопје, а праксата на учесниците во програмите се одржува во реномирани компании во зависност од струката. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит со што се стекнуваат со Сертификат акредитиран од страна на Министерството за образование на Република Македонија.

Програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект
Гипсер - монтер
Фасадер
Аргон заварувач
Келнер - гастроном
Изработувач на бели печива
Менаџерски вештини за управување
со човечки ресурси

Рецепционер
Специјалистички курс за стекнување за архивско и канцелариско работење

Службеник во книговодство
Туристичко - агенциски службеник
Фризер - основен курс

Шивач и кројач на конфекциски материјали

Дополнителни информации:
      • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;
      • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;
      • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.

 

Програмата за доживотно учење нуди обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Можноста да се добијат нови квалификации или едноставно да се потврди веќе стекнатото искуство со акредитиран Сертификат е начин за огромен број на лица да го решат проблемот со невработеноста.

Стопанска комора заедно со најреномираните фирми во Македонија е местото каде што невработените лица ќе можат да стекнат теоретско и практично знаење за потребната квалификација.

Контакт лице: Борис Тримчев
Моб: +38972207091
Факс:++ 389 2 3244088
Call Центар : (02) 15015
Е-адреса: boris@mchamber.mk

 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права