20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20.09.2018 (Бизнис средби)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.08.2018


Актуелно  

Повик за доставување понуди за техничка изработка, дизајн и печатење промотивни материјали за ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)


1. Цел на повикот

Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.

Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).

Понудувачот треба да обезбеди стручна поддршка на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), за техничка изработка, дизајн и печатење промотивни материјали за проектните активности кои ќе произлезат од Проектот.

2. Цел на Проектот

Преку активностите во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби. Активностите ќе бидат спроведувани до 31.10.2020 година.

Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и  градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар на знаење, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на Проектот, за што ќе биде изготвен и бизнис-план за истиот.

3. Спроведување на активностите и очекувани резултати

Со понудувачот ќе се склучи договор за техничка изработка, дизајн и печатење промотивни материјали, согласно динамиката на проектните активности. Согласно утврдената спецификација за потребните материјали, како и според динамиката на проектните активности, ќе се испорачуваат договорените количини од конкретниот промотивен материјал. Од понудувачот се очекува испораката на печатените материјали да ја достави во месец септември 2018 година, најдоцна до 20 септември 2018 година.

4. Начин на пријавување и избор

Заинтересираните кандидати треба по е-пошта да го изразат својот интерес за добивање барање за доставување понуда на е-адреса: jadranka@mchamber.mk. Дополнителни прашања заинтересираните понудувачи можат да достават до 22 август 2018 година, на е-адреса: jadranka@mchamber.mk со назнака: Повик за понуди за техничка изработка, дизајн и печатење промотивни материјали, или на телефон 3244-038, лице за контакт: Јадранка Аризанковска.

Рокот за поднесување на понудите за техничка изработка, дизајн и печатење промотивни материјали е до 24 август 2018 година (петок), до 15:00 часот, на адреса: Стопанска комора на Македонија, ул. Димитрие Чуповски, бр. 13, 1000 Скопје, во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Прилог документи:

Барање за поднесување на понуди на услуги за техничка изработка, дизајн и печатење промотивни материјали за потребите на Проектот – TRAINEE

Прилози 4 и 5 стр.9 -11 од Барањето за поднесување понуди за TRAINEE











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права