Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

19.11.2018


Вести  

ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА СТОКИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЗА ПРОЕКТОТ „ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ“ (TRAINEE)


Почитувани,

Стопанската комора на Македонија спроведува постапка за прибирање понуди за набавка на стоки за потребите на за Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), финансиран од Европската комисија, повик за енергетска ефикасност 2016-2017 на ЕУ Програмата „H2020-EE-2016-2017/H2020-EE-2017-CSA-PPI“.

За таа цел, Стопанска комора на Македонија ве поканува да доставите понуда за набавка на стоки - конференциски чанти со печатење на логото на Проектот TRAINEE и USB стикови.

Ве молиме, да ни ја доставите вашата понуда за наведениот предмет со информации согласно документацијата на ова Барање, најдоцна до 28.11.2018 година (четврток), до 15:00 часот, по пошта или во архивата на Стопанската комора на Македонија, во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Со ова Барање ви ја доставуваме потребната документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на вашата понуда. (кликнете тука)

Ви благодариме на соработката.

Стопанска комора на Македoнија,
Јадранка Аризанковска, с.р.

Бр. 05-1647/1
15.11.2018 година
С к о п ј е











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права